ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Правна неизвесност, Коцевски – Мицкоски 6:3 – прво полувреме!

April 2, 2025 14:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во меѓувреме, процедурата на Владата за разрешување на јавниот обвинител нашироко се смета за тенденција за влијание и партизирање на правдата во земјата.

Јани Макрадули поранешен пратеник и висок функционер во СДСМ смета дека не само меѓународните пријатели, туку и севкупната експертска јавност, не ги оправда во ниту еден момент, обидите за упад и во Судскиот совет и во Јавното обвинителство.

Јани Макрадули

– Невешто се покажа прикривањето зад некаква самоиницијативност на пратениците, за интерпелација на дел од Судскиот совет, а во јавноста остана да виси прашањето, каде се изгубија негативните квалификации на Премиерот за Јавниот обвинител. Сосема ми е логично дека додека трае истрагата, треба да остане истиот обвинителски тим, и дека истиот треба да биде ослободен од партиски притисоци. При сѐ уште незавршена истрага, добро е да се тргне влијанието од процесот кој го води обвинителството под палката на г-динот Коцевски. Изјавите на Премиерот со многу контрадикторности, само може да ја докомплицираат целата ситуација, изјави Макрадули за Фронтлајн.

Дополнително, додава тој, и одлуката на Советот на јавни обвинители, да даде негативно мислење по предлогот на Владата, со гласање 6:3, зборува за поделеноста и во оваа општествена сфера.

– Токму оние кои се најповикани за следење на словото на Законот, различно го толкуваат, со што поделеноста по сите општествени шавови продолжува. На крајот, со ваквото гласање или различно толкување, кај граѓаните создаваат само една голема правна неизвесност. Верувам, конечно Владата наместо да се бламира со меѓувладини отровни стрели, конечно ќе поработи на пакетот закони од оваа сфера, а согласно планот за раст и развој, истакна нашиот соговорник.

Димитар Николовски

Димитар Николовски извршен директор на ЕВРОТИНК смета дека владата сфати дека би било контрапродуктивно во овој момент да се менува Јавниот обвинител.

– Не би рекол дека одлуката на владата да не го разреши е поради меѓународниот притисок, затоа што негативното мислење кај меѓународните партнери за мешање во судството постои одамна. Сепак, кочанската трагедија е таа која е пресудна. Мислам дека владата сфати дека би било контрапродуктивно во овој момент да се менува Јавниот обвинител, кога цела држава очекува брзина и ефикасност, изјави Николовски за Фронтлајн.

Ќенан Алиу

Правникот Ќенан Алиу вели дека Владата не се повлекла од намерата да го разреши јавениот обвинител, туку дека поради кочанската трагедија направила привремено повлекување.

– Владата веќе ја почна процедурата за разрешување на јавниот обвинител. Ова не го гледам како повлекување, но беше трагедијата во Кочани со толку многу жртви што обвинителството мораше да работи со полн капацитет за да го истражи настанот. Инаку, од осамостојувањето на државата, секое парламентарно мнозинство го менуваше јавниот обвинител, иако често со или без причина. Моментално парламентарното мнозинство можеби има некаква причина, но како практика тоа не е добра. Знаеме кога започна оваа практика, но не знаеме кога ќе престане. Само целосната независност на поделбата на власта може да го спречи ова, изјави Алиу за Фронтлајн.

Премиерот Христијан Мицкоски најави запирање на постапката за разрешување на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, со оглед на обемната истрага којашто се води во моментот по трагедијата во Кочани во којашто загинаа 59 млади луѓе.

– Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа. Цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот во Кочани, треба да работат и да сработат и да им дадеме шанса за тоа. Јас кога кажав дека сме задоволни – можев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство…, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За прифаќање на предлогот гласаа тројца, додека шест члена гласа против.

Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, рече дека со оглед дека Советот одлуките ги носи со мнозинство, мнозинството дадоа негативно мислење. За прифаќање на предлогот на Владата за разрешување на Коцевски гласаа Кети Петкова, Ардиан Демири и Марјана Илиевска.

Седницата за разгледување на предлогот претходно на два пати беше одложена. Првично беше закажана за 18 март, но беше одложена поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани, а минатата недела, на 26 март беше одложена поради немање на кворум. Согласно законските рокови за разгледување на предлогот за разрешување на Коцевски, Советот треба да го разгледа најдоцна до крајот на неделава, иако Владата објави дека ќе ја прекине постапката.

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.

Министерството за правда образложи дека се бара смена на Коцевски поради „низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство“.

Тој во меѓувреме порача дека не дава оставка и ќе се повлече само ако се утврди тешка дисциплинска повреда при неговото работење.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаЕУЈавно обвинителствоМинистерство за правдаСАДСобрание
Next Post
Фото: МИА

Кешишев: Не бев свесен за целата состојба, по навика бев послушен

НАЈНОВО

генерирано со ВИ

Мерц: Требаше порано да ја сфатам заканата која доаѓаше од Путин, сите згрешивме

September 4, 2025

Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

September 4, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Крајбрежна служба на Грција

    Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трент Александар-Арнолд откри зошто го напушти Ливерпул за Реал Мадрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk