ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски

April 2, 2025 12:01
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За прифаќање на предлогот гласаа тројца, додека шест члена гласа против. Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, рече дека со оглед дека Советот одлуките ги носи со мнозинство, мнозинството дадоа негативно мислење. За прифаќање на предлогот на Владата за разрешување на Коцевски гласаа Кети Петкова, Ардиан Демири и Марјана Илиевска.

Советот на јавни обвинители претходно ја исклучи јавноста од точката за разгледување на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Членовите на Советот едногласно го поддржаа предлогот на членот Зорица Павловиќ, која повикувајќи се на член 10 од Законот за совет на јавни обвинители побара да се исклучи јавноста поради, како што кажа, сензитивноста на процесот и за заштита на угледот и интегритетот на јавниот обвинител.

Светлана Стојковиќ, го поддржа предлогот, дополнувајќи дека јавноста треба да биде исклучена и поради тоа што во произнесувањето од Коцевски по предлогот за негово разрешување, се изнесени и информации и докази од дисциплинските постапки што се води против двајца јавни обвинители. Расправата, како што нагласија, ќе биде затворена, а јавноста ќе биде вклучена само за гласањето по мислењето за предлогот на Владата за разрешување на Коцевски.

Седницата за разгледување на предлогот претходно на два пати беше одложена. Првично беше закажана за 18 март, но беше одложена поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани, а минатата недела, на 26 март беше одложена поради немање на кворум. Согласно законските рокови за разгледување на предлогот за разрешување на Коцевски, Советот треба да го разгледа најдоцна до крајот на неделава, иако Владата објави дека ќе ја прекине постапката. Портпаролката на Владата Марија Митева, на 26 март годинава, изјави дека Владата ќе ја прекине постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО, истото нема да го проследи до Собранието.

-Да појаснам дека Владата доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО ќе ја запре постапката, односно истото нема да го прати до Собранието, а се разбира Советот на ЈО согласно роковите кои што ги има ќе постапува, изјави Митева.

Премиерот Христијан Мицкоски по трагедијата во Кочани изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител Коцевски ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа.

-Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство кое што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај, рече Мицкоски.

Владата на 11 февруари година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години. Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител. Коцевски, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него.

Next Post

Приведени три лица кои се сомничат дека убиле 84-годишен жител на село Луке

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk