ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски во Владата ќе го чуе предлогот на Филипче за долгорочна стратегија на државата

April 3, 2025 09:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче денеска ќе имаат средба во Владата, но претходно тие „ќе се соочат“ и во пленарната сала во Собранието каде премиерот и министрите ќе одговараат на опозициски прашања. Се очекува Филипче на средбата во Владата да му го образложи на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ неговиот план за долгорочна стратегија на државата која би се изготвила со политички дијалог. Ова е прва средба меѓу нив по стапувањето на премиерската функција на Мицкоски и преземањето на претседателската позиција во СДСМ од страна на Филипче.

Од Владата вчера попладне соопштија дека имајќи ја предвид меѓусебната подготвеност за средба, таа е закажана за 14 часот.

– Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочија од Владата.

Лидерот на опозициската партија Филипче вчера на прес-конференција повика на политички и општествен дијалог. По трагедијата во Кочани, рече тој, граѓаните реагираа со револт и бес, системот не функционира како што треба, а за тоа вина, како што посочи, имаат сите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ… Областите каде што треба системски пристап, според него, се – образование, здравство, правосудство, животна средина, партизација и политизација. Смета дека треба да се изготви стратегија во која ќе се влучат сите, во форма на политички дијалог, врз основа на која државата ќе функционира во следните децении, многу повеќе од мандат на која било влада и која било партија или коалиција да ја води таа влада. Во однос на правосудството, истакна Филипче, неминовно е да се донесат реформската агенда во што пократок рок реформските закони во одреден систем во којшто ќе се постигне широк консензус не само политички туки и други фактори од делот на правосудството на коишто ова навистина им е експертиза.

-Тоа што граѓаните најмногу ги иритира а тоа е партизацијата и политизацијата. Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата за да младите луѓе имаат навистина добар, компетитивен мерит систем и на тој начин да се вработуваат и напредуваат поради тоа што само на тој начин можеме експертизата да ја издигнеме на соодветно и заслужено ниво, нагласи Филипче, додавајќи дека добро е на овие теми да седнат лидерите на сите партии.

Лидерот на СДСМ истакна дека на премиерот Мицкоски и подетално би му го образложил овој план на средбата, но и врз основа на она што го образложил ќе се приклучат и другите политички партии.

На новинарско прашање дали на средбата ќе ја постави темата за евроинтеграции и уставни измени, рече дека најверојатно ќе се зборува и за таа тема.

Во изјава за медиумите вчера премиерот Мицкоски изјави дека темата е сериозна и оти доколку има план како што најавија, подготвен е да го прими на средба претседателот на СДСМ да го образложи планот, да го слушне планот.

– Јас сум сериозен човек, сериозни работи се во прашање и најмалку што треба да се прави е естрада на јавна сцена. Доколку навистина има план и желба да помогне стојам на располагање во секое време ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ на полноќ, после полноќ, кога ќе каже тогаш да го сослушам неговиот план и да видиме дали во тој план може нешто да се реши. Но, доколку планот опфаќа пристап „Стабри“, како што беше во минатото за време на короната тогаш такви планови не можам да прифатам, изјави Мицкоски.

Партиски реакции по најавата за средба и планот на Филипче 

СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат какви било концепти за Македонија овој момент, реагираа од партијата ЗНАМ.

– Оттука, Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем за секое решение, наведуваат од ЗНАМ и прашуваат дали самопрогласениот лидер на опозицијата со ова бара начин да се факторизира како политички фактор во јавноста и да седне на преговарачка маса, имајќи ја в предвид очајната состојба на неговата партија.

Довчерашниот министер во владите на Зоран Заев, одговорен за длабоките системски грешки во општеството, директно одговорен за трагедијата во Тетово со модуларната болница кадешто загинаа 14 невини лица, криминалната набавка на вакцини во времето на КОВИД кризата, случајот во клиниката за Онкологија каде што наместо хемотерапија на болните им се даваше физиолошки раствор, директното учество во донесувањето на измените на Кривичниот Законик, каде што се амнестираа функционерите од режимот на Груевски, но и високи функционери на СДСМ на чело со неговиот ментор Зоран Заев, посочија од ЗНАМ, денеска предлага КОНЦЕПТ за НОВ општествен дијалог во Македонија.

-Македонската јавност не е дементна за да заборави дека директорот на Фондацијата Заев во претходните осум години го промовираше концептот Едно општество за СИТЕ, едно за Вицето, се посочува во реакцијата од ЗНАМ.

ДУИ, пак, во соопштението до медиумите изразува, како што стои, „силна загриженост поради сѐ понагласената моноетничка доминација која власта ја демонстрираше во првата година од своето владеење, а сега веќе на јавна сцена ја вклучува и етничката македонска опозиција во својата намера“.

– Јавноста е просто згрозена од овој јавен флерт на Мицковски и Филипче, за полноќни средби во политички интимна атмосфера на која ништо помалку туку ќе се крои планот за нов општествен договор за регулација на идните политички текови. Иако и досега не беа за ништо прашувани, дегутантен е молкот на Албанскиот партнер во Владата, посочија од ДУИ.

Тие сметаат дека основниот модел на мултиетничкиот карактер на земјата е системски загрозен, а загрозен е и интегративниот процес на земјата во ЕУ, а тоа се две клучни стратешки основи кои што сериозно ја загрозуваат долгорочната стабилност и просперитет на земјата, и тоа се двата приоритети за кои треба да се отвори суштински политички дијалог.

Реакции за средбата Мицкоски-Филипче има и од Алијанса на Албанците на Зијадин Села. Од оваа партија наведуваат дека „оваа моноетничка средба е практична имплементација на платформата Македонија повторно твоја!“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МицкоскиФилипче

НАЈНОВО

Фото: ВИ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

July 1, 2025

Електронски свидетелства од наредната учебна година

July 1, 2025

Вирусот мпокс може да го инфицира и човечкиот мозок, покажува истражување на швајцарски научници

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk