ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ на протестен митинг во Белград изнесе пет барања

April 12, 2025 21:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ во говор на митингот „Не ја даваме Србија“ што се одржува во Белград, изнесе пет барања до институциите.

Како прво барање – Надлежните органи и институции, пред се надлежните обвинителства, да покренат соодветни постапки од нивните надлежности со цел да се воспостави ред и мир во државата, како и целосно почитување на Уставот и законите.

„Институциите што беа киднапирани да им се вратат на граѓаните како носители на националниот суверенитет, вклучително и јавниот медиумски сервис на Србија, што е еден од клучните учесници во обоената револуција“.

Тој доаде дека бара да се утврди правна одговорност на сите лица кои учествувале во, како што рече, вандалски напади и напади врз граѓани за време на нивните мирни собири во Србија, а особено да се откријат и казнат сторителите, поттикнувачите и помагачите на „дивјачките напади врз мирно собраните граѓани во Ниш на 21 март 2025 година“.

Вучиќ побара на секој ученик и студент да му се даде можност да оди се школува или да студира ако сака.

Четврто барање – бара да се откријат сторителите, поттикнувачите и помагачите во извршување на активности што вклучуваат напади врз витални државни институции и објекти и да се спречи преземање такви активности во иднина.

Петто – Да се спречи каква било активност што самоволно и незаконски ја парализира економската активност и ги спречува граѓаните да ги извршуваат своите животни активности на нормален начин, усогласено со јавниот ред во кој секој може да смета на фактот дека во едно демократско општество државата ќе ги заштити нивните витални животни интереси.

„Конечно, ви порачуваме, на оние до кои се упатени барањата, а јас се вклучувам и себеси, макар и во мал дел, дека ќе се бориме секој ден со демократски и мирни средства, додека не се исполнат нашите барања во целост и нема да се откажеме додека не се исполни секое целосно“, рече Вучиќ.

Toj нагласи дека оние кои протестираат  почнале да ја уништуваат државата.

„Можете се да ни допрете, но ние имаме една прекрасна карактеристика. Кога некој ќе ја допре нашата земја и сака да ја уништи, тогаш сите ние се обединуваме и маршираме со тробојното знаме и нема да дозволиме никој да ни ја уништи државата“.

„Готово е со нивната обоена револуција, можат да шетаат колку сакаат, нема ништо“, нагласи тој.

Во врска со новото движење тој вечерва порача дека националното движење е потребно поради нова енергија и сила, но и „да не потсети на најважните вредности во нашето општество, како и затоа што е потребен план за развој на Србија до 2035 година“.

Вучиќ изрази благодарност до сите кои дојдоа денеска на митингот.

„ Ви благодарам  на сите вас сестри и браќа од Република Србија кои дојдовте во Белград за да покажете колку ја сакате Србија и главниот град, ви благодарам и на вас од Република Српска и од Црна Гора, Северна Македонија. Ви благодарам на сите што дојдовте во вашиот Белград денеска. Ви благодариме на граѓаните од другите делови на Србија, не само од Косово и Метохија, кои дојдовте во Белград, и ви благодарам, белграѓани, за огромната, прекрасна поддршка“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се уште не го завршил говорот на бината пред Народното собрание, а голем број луѓе веќе почнале да го напуштаат митингот.

Како што објави N1, луѓето почнале да се разотидуваат уште пред претседателот да ги претстави барањата што ги најави претходно.

Инаку, просторот околу Народното собрание е ограден, а обезбедувањето се погрижило никој да не замине пред време. Александар Јовановиќ од Движењето Крени-промени за N1 изјави дека бил нападнат кога почнал да снима како обезбедувачите ги спречуваат луѓето да си заминат.

Читателите на N1 јавуваат дека толпата сепак успеала на неколку места да ја пробие оградата и да се упати кон Бранковиот мост.

Камерите кои ја прикажуваат состојбата во сообраќајот на мостовите во Белград покажуваат дека луѓето се движат по Бранковиот мост во правец на Нов Белград, каде што се паркирани автобуси кои носеле граѓани од различни места во Србија.

Ј. Ѓ.

Tags: БелградВучиќпротест
Next Post

Посебен режим на сообраќај околу бул. Илинден поради „Авицена женска трка“

Shortcut

Најново

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026
Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk