ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Зголемен тренд на неофицијална цензура во Обединетото Кралство, се отстрануваат книги од библиотеки

April 14, 2025 16:16
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

По трендот во САД, и во Велика Британија се случува отстранување книги од полиците на библиотеките, сведочат лица кои работат во оваа област.

Извршниот директор на „Овластениот институт за библиотечни и информациски работници“, Луис Којфејт-Ган вели дека „состојбата не е дотолку лоша (како во САД), но библиотекари ги губат своите работни места и се цел на интернет-тролање затоа што се залагаат за интелектуална слобода“ во име на читателите. Ед Џуел, претседател на здружението „Поврзани библиотеки“ (Libraries Connected), како и Здружението на училишните библиотеки (СЛА) се согласуваат дека се забележува „зголемување на бројот на пријавите за цензура“ оваа година.

– Секако, можно е обемот на цензура што го гледаме во САД да влијае на дебатата овде. Она од коешто мора да се чуваме е климата што им налага на библиотеките да избегнуваат одредени книги – или да одржуваат разговори или активности, поради страв од негативен публицитет, закани или заплашувања. Од витално значење е библиотеките да се чувствуваат способни да обезбедат пристап до широк опсег на перспективи, ако сакаат лесна слободна размена на идеи, рече Џуел.

Сепак, нивото на влијание досега не е јасно, особено затоа што природата на барањата за цензура во Велика Британија, се чини, се разликува од онаа во САД.

– Повеќето библиотеки во Обединетото Кралство ја следат етичката рамка на „Овластениот институт“, којашто вели дека објавените материјали не треба да бидат ограничени на која било основа, освен на Законот. Тоа им дава доверба и уверување да ги отфрлат барањата, додаде Џуел.

Истражувањата посочуваат и цензура од страна на учениците во британските училишта, во облик на „вандализирање на библиотечниот материјал, бележење книги со расистички и хомофобични навреди“, како и штетни слики и прикази, според Алисон Хикс од СЛА.

– Ваква цензура, јас не сум видела во САД, нагласи Хикс.

Според неа, скоро сите такви напади во Обединетото Кралство се насочени кон ЛГБТК-заедницата, а нападите во САД, се чини, „се поврзани со расите, етничката припадност и социјалната правда“, покрај ЛГБТК-прашањата.

Tags: книгиОбединетото Кралствоцензура
Next Post

Хамас подготвен да ги ослободи сите заложници во замена за завршување на војната во Појасот Газа

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk