Откако нивните колеги стигнаа со велосипед во Стразбур, студентите во блокадата најавија нов потфат – дел од нив ќе трчаат во штафетна трка од Нови Сад до Брисел, каде во мај ќе се одржи седница на Европскиот парламент, а на дневен ред ќе се расправа за ситуацијата во Србија.
Во петок, на 26 април, 16 тркачи ќе заминат од Нови Сад за Брисел, објавено е на Инстаграм профилот „Тркачи во блокада“. Штафетниот ултрамаратон е планиран според распоредот на сесијата на Европскиот парламент, а акцијата опфаќа доставување писма, пренесува Н1.
„На денот кога нашите велосипедисти пристигнаа во Стразбур, најавуваме дека ќе трча и нашиот тим за штафета во ултрамаратон. Истрчаа до Крагуевац, Ниш и Белград, ќе трчаат и до Брисел“, најавија синоќа студентите.
View this post on Instagram
Студентите на ултрамаратонот ќе трчаат по релацијата: Нови Сад – Осиек – Вировитица – Вараждин – Грац – Оберпулендорф – Виена – Зајтенсштетен – Салцбург – Минхен – Улм – Штутгарт – Стразбур – Мец – Луксембург – Лиеж – Брисел.
Според планот, студентите треба да пристигнат во Брисел на 11 мај.
Ј. Ѓ.