Најмалку 23 лица, меѓу кои жени и деца, се убиени денеска во израелски напади врз кампови во кои се сместени раселените семејства во северниот и јужниот дел на Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Сите тела изгореле како последица на пожарот што избувнал во шаторите по бомбардирањето, соопшти Министерството за здравство, пренесува палестинска новинска агенција.
Во северниот дел на Газа, шест членови на исто семејство се убиени додека спиеле во својот шатор во градот Беит Лахија.