ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дробњак: Северна Македонија може повторно да го фати чекорот за ЕУ со работата на реформската агенда

April 22, 2025 14:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија може повторно да го фати чекорот така што ќе започне со работата на реформската агенда. Агендата 2030 на ЕУ е активна, а перспективата за членство на земјата во ЕУ е вистинска, исполнива и изводлива, кажа на денешната дебата на тема „Реформите како заедничка одговорност: Градење консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“ Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ и експерт на УНОПС.

– Меѓународниот поредок се менува и нивото на несигурност значително се зголеми. Некој може да каже дека во моментов глобалните институции имаат и мултилатералните системи се разградуваат и незнаеме како ќе изгледа иднината. Меѓутоа ЕУ останува на овој стратешки пат и овој стратешки момент силна и релевантна многу повеќе од кога било за да понуди и сила, меѓутоа и заштита во исто време. И ова е она што за Северна Македонија е најважното нешто и најважната точка. Имајќи предвид дека ја имаме оваа несигурност на времињата во кои што живееме, сите треба да сфатат дека националниот интерес најдобро служи на целта кога европските решенија функционираат, а центарот на гравитацијата на Северна Македонија не е Скопје туку Брисел и Вашингтон, рече Дробњак.

Според него, никој не може да нагласи доволно колку е важно членството на Северна Македонија во НАТО а исто така и во ЕУ. Проширувањето на ЕУ се случува во една многу сложена средина во која влијае војната во Украина, но и новата американска политика на претседателот Трамп. Тој при тоа ситуацијата со проширувањето ја одбележа со три клучни збопра – перспектива, празнина, но и кондиционалност и бројката 2030

Оцени дека граѓаните на државата треба да знаат дека перспективата за членство на земјата во ЕУ е вистинска, исполнива и изводлива, што произлегува од документите на ЕУ. Празнината или јазот, пак, се однесува на недоволната социо-економска конвергенција меѓу земјите од  ЕУ и ЗБ, за чие забрзано надминување треба да помогне Планот за раст и усвоената реформска агенда – нови инструменти конкретно и специфично направени за да го намалат овој јаз.

Зборот условеност, додава тој се однесува на повеќекратните услови кои треба земјата да ги исполни за да стане членка на ЕУ. Тој укажа дека државава не е единствена која се соочила со проблеми на својот европски пат и укажа на хрватското искуство од преговорите за пристапување со ЕУ – соработка со Хашкиот трибунал, проблемот со поморската граница со Италија и целиот пакет на погранични прашања со Словенија.

Бројката 2030, рече Дробњак покажува дека ЕУ останува спремна за проширување односно дека претстои големо проширување до 2030 година, но и дека на Унијата и претстои работа на внатрешни реформи и на повеќегодишната финансиска рамка за 2028 – 20234 година. За Северна Македонија, нагласи дека во отсуство на формален почеток на пристапните преговори Реформската агенда е најважната алатка која ја има на располагање која може да ја искористи.

Осврнувајќи се на успехот на Хрватска , Дробњак рече дека тој се должи на тоа што имаше добар моментум ЕУ беше пподготвена да ја прифати Хравтска во еден процес заснован на заслуги, и пред се на постигнатиот национален консензус во Парламентот и во јавноста и на добриот преговарачки тим којшто остана непроменет уште од самиот почеток па се до крајот на процесот.

-Ние се радуваме на новото проширување после речиси 10 години. 2030 година е веднаш зад аголот, не е многу далеку, има огромна работа која треба да се заври Северна Македонија може повторно да го фати чекорот така што ќе започне со работата на реформската агенда која што веќе е на нејзиниот пат за спроведување и мислам дека одите во добра насока. Оваа година е круцијална за ова и е многу важно не само дека сите овие реформи да ги комуницирате затоа што од нив имате полза. Хрватска на крајот од овој процес беше многу подобра земја
Целата политичка, академска и деловна заедница и елита заедно со целата земја се вклучени во ова. Одтаму е многу важно сето ова да се комуницира и да се вклучат сите капацитети во општеството и сите експерти, порача Дробњак.

Tags: ДробњакЕУСеверна Македонија
Next Post

Филипче: Застојот на ЕУ интеграциите за Македонија е губење милијарди евра поддршка од ЕУ

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk