ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Театар Провокација со претставата „Земја на штркови“ на турнеја во регионот

April 23, 2025 10:40
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот театар Театар Провокација со претставата „Земја на штркови“ ќе има неколкудневна турнеја низ регионот, која почнува на 13 мај со учеството на фестивалот „Друмеви театрални празници“ во Шумен, Бугарија. Од 15 мај до 18 мај предвидени се и гостувањата во Србија, низ градовите: Белград, Вршац и Јабука.

– Претставата „Земја на штркови“ е за големиот бран на иселување на младите луѓе од својата татковина. Оваа претстава и ги следи животните разидувања на два пара во однос на иселувањето од Македонија. Едниот – разделен пред 20-тина години, а другиот – го живее моментот на разидување од истите причини, соопшти Театар Првокација.

Освен големиот бран на иселување на Македонците во последниве неколку години, претставата „Земја на штркови“е и за очајната потреба од системски промени, како главна причина за заминување на младите во поразвиените земји.

Скопската публика оваа претстава ќе може да ја погледне вечер во Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток од 20:00.

Во претставта играат: Мирјана П.Ристов, Радо Алексовски, И.Јакимова и Р. Ристов. Текстот е работен по мотиви од „Топлината во ноември“ од Јана Добрева.

Костимите се на Елена Лука, автори на музиката се Оливер Јосифовски и Давор Јордановски, а вокалот е на Вера Милошевска – Љубојна. За сценските движења е задолжена Кренаре Невзати, а адаптацијата на текстот, сценографијата и режијата се на Роберт Ристов.

Досега Театар Провокација ги реализираше следниве претстави: „Скандал“, „Ожени ме“, „Разведи ме“, „Пациенти“, „Земја на штркови“, како и претставите за деца: „Веселиот Дедо Мраз“, „Како ли да го задржам Дедо Мраз кај нас“, „Зеленковци“, „Јас сум Акико“, „Другарство“, „Штурците и мравките“.

На 9 април годинава во МКЦ беше изведена јубилејната 50-та изведба на претставата „Разведи ме“ во режија на Роберт Ристов. Во претставата играа актерите Мирјана Ристов и Роберт Ристов, а во видеата, кои се дел од дејствието учество земаа: Зорица Панчиќ, Благоја Чоревски – Чоре и гостинот од Бања Лука – Љубомир Свановиќ.

Театар Провокација учествувал и на два фестивала: Фестивал на балканската независна театарска сцена „Провокација“ и Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ – Неготино.

Tags: „Земја на штркови“претстава
Next Post

НУБ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk