Кина денеска го лансираше вселенското летало „Шенжу-20“ со три лица до својата вселенска станица „Тијангонг“, во шестмесечна мисија.
Вселенскиот брод полета со ракета-носач „Лонг марч 2-Ф“, од центарот за лансирање на сателити „Џиукван“ во северозападна Кина. Според тамошните медиуми, лансирањето било успешно. Кинеските астронаути Чен Донг (командант), Чен Жонгжу и Ванг Жи се дел од мисијата. Во следниов престој во Земјината Орбита, „Шенжу-20“ ќе треба да прифаќа задачи од товарниот вселенски брод „Тијанжу-9“ и вселенското летало „Шенжу-21“ со посада.
Ова е 15-та мисија со екипаж и вкупно 20-та во рамките на програмата „Шенжу“, којашто започна пред повеќе од 30 години. Тимот на „Шенжу-20“ треба да се врати на Земјата кон крајот на октомври оваа година.