ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рокас: Авторитетот, непристрасноста и отпорноста на Уставниот суд се исклучително важни за владеењето на правото во земјата

April 28, 2025 13:42
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Реформата на уставното судство е една од најважните бидејќи Уставниот суд игра многу важна улога не само за обезбедување на владеењето на правото туку и за заштита на европските вредности, а реформата треба да одговори како најдобро да се заштити независноста и интегритетот на Уставниот суд во едно опкружување кое постојани се менува.

Ова го истакна Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во воведното излагање на тркалзената маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“ што се одржа во Уставниот суд која има за за цел да отвори дебата за потребата од донесување на посебен закон што би го регулирал работењето на Уставниот суд, преку дијалог меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор.

Рокас истакна дека Уставниот суд не е само уште една институција во едно демократско општество, тој е заштитник на Уставот, на законитоста и на основните права и слободи на секој граѓанин. Неговиот авторитет, непристрасност и отпорност се исклучително важни за владеењето на правото во земјата, и, потенцира, многу важен чекор за патот на државата кон членство во ЕУ.

-Зајакнувањето на Уставот не е само формално барање за членство во ЕУ, тоа е стратешка инвестиција во фер пристапот, во владеењето на правото, нешто што им е потребно на граѓаните. Тоа е реформа во која Уставниот суд исто така треба да одигра многу важна улога. Од тие причини ЕУ го поддржува судот во неговата работа и ги зајакнува неговите капацитети. Ја поддржуваме Северна Македонија да изгради силни, независни и кредибилни институции, рече Рокас.

Тој посочи дека не е на ЕУ да препорача дали треба или не треба да се носи закон за Уставниот суд, бидејќи ЕУ го поддржува процесот кој е транспарентен, инклузивен и кој се потпира на дијалог, а кој на крај ќе ја зајне довербата во Уставниот суд, неговата независност и кој ќе рабвоти во согласност со европските стандарди и најдобрите практики.

Воведни обраќања на дебатата имаа и Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија и Анџела П. Агелер, амбасадорка на САД.

Германската амбасадорка Дрекслер во своето обраќање меѓу другото се осврна на влијанието на актуелните состојби на глобално ниво врз демократијата и владеењето на правото, и на реформите кои се неодамна спроведени во функционирањето на сојузниот уставен суд во Германија, кои треба да го заштитат судот, особено во однос на изборот и именувањето на судии.

-Уставните судови насекаде во светот играат многу важна улога во обезбедување на заштита на основните прави, и на поделбата на властите. На тој начин се поттикнува и промовира демокарсткото општество, се поддржува владеење на правото и затоа не можеме  да дозволиме ранливости во нашите највисоки судови. Различните контексти, историски политички и правни можеби бараат различен одговор на овие прашањето на кој начин можеме да ги заштитиме нашите правни системи, рече Дрекслер изразувајќи поддршка за процесот на реформа на уставното судство.

На тркалезната маса се обратија и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, и претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Предвидена е презентација на наодите од анализата за потребата од донесување на Закон за Уставниот суд, изработена во рамки на ЕУ-финансиран проект, со говорниците Карстен Манке, тим лидер, и вишите правни експерти Мартин Сопронов и Маргарита Цаца Николовска.

Ставовите на судиите од Уставниот суд ќе ги образложат судиите Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ-Бозаџиева, додека, мислења од претставници на правната струка ќе споделат професорите Тања Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Денис Прешова и Рената Дескоска.

Од граѓанскиот сектор ставовите ќе ги изнесат Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“ и Бојан Трпевски од Асоцијација на млади правници на Македонија.

Tags: правото во земјатаРокасУставниот суд
Next Post

Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, од 2,5 во 2026-та

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk