Портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо денеска изјави дека ЕУ ќе ги проучи „научените лекции“ од прекините на електричната енергија во Шпанија и Португалија, со цел да се спречи сличен инцидент да се случи и на други места во Европа.
Зборувајќи на денешната прес-конференција, Пињо рече дека поради прекинот на снабдувањето со електрична енергија со „невидени размери“ на Пиринејскиот Полуостров, ЕУ „ќе ги извлече потребните заклучоци и ќе ги сподели, и, доколку е потребно, ќе ги преземе потребните мерки“, пренесува „Гардијан“.
„Многу внимателно испитуваме кои биле причините, колку добро бевме подготвени и какви лекции можат да се извлечат од таков инцидент“, додаде Пињо.