ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Генерален штрајк во Белгија: Протестни маршови, откажани летови, прекинат јавен превоз

April 29, 2025 17:13
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Четврти пат оваа година, Белгија денеска е под блокада поради генералниот штрајк организиран против плановите на белгиската Федерална влада за намалувањето на буџетските трошоци за социјални намени.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, поради штрајкот откажани се голем број летови, јавниот превоз е редуциран, а по улиците низ белгиските градови се одржуваат протестни маршови.

Откажани беа околу половина од летовите на бриселскиот аеродром „Завентем“, како и сите слетувања и полетувања од аеродромот „Брисел-Шарлроа“, од каде сообраќаат и авионите на релација Скопје-Брисел и обратно. Дел од летовите беа пренасочени кон холандските аеродроми во Ротердам и Мастрихт.

Градскиот превоз во Брисел е значително редуциран, при што функционира само една метро линија, како и само пет трамвајски и седум автобуски линии.

Парализирано е и пристаништето во Антверпен, пред кое чекаат околу 40 бродови, а во прекин е и речниот сообраќај. Не функционира ниту јавниот превоз во повеќе белгиски градови.

Поради штрајкот беа откажани и десет линии на возот „Евростар“, што е околу една шестина од нивниот вкупен број.

Иако, беше најавено дека вработените во јавните комунални служби нема да се приклучат кон штрајкот, сепак, дел од сметот распореден во кеси за рециклирање остана насобран пред станбените згради.

Централниот протестен марш се одржа во Брисел од железничката станица „Север“ до плоштадот „Мон де Арт“, кој се наоѓа во централното градско подрачје во реонот на Кралската палата и зградите на Федералниот парламент и на повеќе државни институции. На плоштадот се одржа собир на која претставници на различни грански синдикати говореа за состојбите во нивните сектори. Според проценки на полицијата, во маршот учествувале околу 4.000 лица.

Демонстрантите минаа и близу седиштето на партијата Нова фламанска алијанса (Н-ВА) на белгискиот премиер Барт де Вевер, пред кое делегација на синдикатите постави ковчег и одржа едноминутен молк, симболично погребувајќи го „антисоцијалниот проект Аризона“. „Аризона“ е колоквијален назив на белгиската владина коалиција, кој потекнува од боите на неговите партии членки – жолта, сина, црвена и портокалова, кои се наоѓаат и на знамето на американската сојузна држава Аризона.

Претставник на синдикатите информира дека полицијата дозволила само неколкумина синдикални претставници да пристапат пред седиштето на Н-ВА, додека останатите демонстранти биле блокирани од полициските сили.

Организатори на штрајкот се двата најголеми белгиски синдикати, Генералната федерација на трудот на Белгија (ФГТБ/АБВВ) и Конфедерацијата на христијанските синдикати (ЦСЦ/АЦВ), според владините мерки за намалување на буџетските трошоци за социјални цели и за реформи во пензискиот систем „ги поткопуваат правата на работниците и темелите на социјалната солидарност во Белгија“.

Синдикатите наведуваат дека со новите владини планови Белгијците ќе мора да работат подолго за пониски пензии, ќе се еродира Законот за државни службеници и ќе се намали помошта за невработените и за хронично болните лиц

– Соочени со Влада која ги штити интересите на големите компании и најбогатите на сметка на работниците, пензионерите, младите, жените и најранливите граѓани, повикуваме на масовен отпор низ целата земја, се наведува во заедничката најава за штрајкот на двата синдикати.

Претставници на синдикатите организатори на штрајкот претпладнево има средба со белгискиот министер за вработување Давид Кларинвал, која ја оценија како „конструктивна со потенцијал за постигнување напредок“ во однос на синдикалните барања.

Во меѓувреме гранскиот синдикат на вработените во јавниот сектор при ФГТБ/АБВВ, Генералниот сојуз на јавниот сектор (ЦГСП/АЦОД) најави нов генерален штрајк на неговите челнови за 20 мај, но засега е неизвесно дали кон протестот ќе се приклучи и нивните колеги од синдикатот при ЦСЦ/АЦВ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Блегијаблокадапротестиштрајк

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk