ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Интерпелацијата на министерот Тошковски денеска пред пратениците

April 29, 2025 08:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Пратениците денеска треба да расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“. Пленарната седница е закажана во 11 часот.

Интерпелацијата е поднесена на 14 април поради тоа што, според „Левица“, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.

Пратеникот од редовите на „Левица Сашко Јанчев тогаш на прес-конференција рече дека интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. Првите три основи, според Левица, се немањето никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е законска обврска на МВР, нелегалната употреба на пиротехнички средства и неукажувањето помош од страна на полициските службеници.

– Интерпелацијата ни е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првиот основ е немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изричито законска обврска на МВР, изјави Јанчев.

Според „Левица“, МВР потфрлила и во тоа што долг период во истрагата не биле вклучени функционери и носители на функции блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Против министерот за внатрешни работи беше поднесена интерпелација и во јануари заедно со уште четири интерпелации на владини министри. Тогаш интерпелациите ги поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Tags: интерпелацијаСобраниеТошковски
Next Post
Фото: ВИ

Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови

НАЈНОВО

Фото: EXIT Promo

Бајага и Инструктори настапуваат на 7 септември на Get EXITed во Струмица

September 3, 2025

Мицкоски: Новинските агенции ја пишуваат првата страница на вистината, создаваат јавна меморија, градат доверба и ја оддржуваат демократијата

September 3, 2025

Ретроспективна изложба „Живко Поповски – Живот посветен на архитектурата“

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе ја спаси Македонија од новото задолжување?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk