ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Македонија бележи пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“

May 2, 2025 11:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Репортери без граници. Фото: Скриншот

Репортери без граници. Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија, по минатогодишниот скок за две позиции, годинава бележи пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите на меѓународната организација „Репортери без граници“, со седиште во Париз. Земјава е рангирана на 42. позиција, наспроти 36. местото во 2024 година, со влошување во три од петте индикатори.

Според извештајот за 2025 година, состојбата со медиумите во Северна Македонија е оценета како „задоволителна“, но земјата е на последното место меѓу државите кои ја добиле оваа оценка. Листата ги опфаќа 180 земји, а Северна Македонија е меѓу ретките во регионот со оваа категоризација. Покрај неа, во истата група се и Словенија, која напредува девет места и сега е на 33. позиција, и Црна Гора, која е 37-ма со напредок од три места.

Останатите земји од Балканот се рангирани пониско и се сместени во категоријата „проблематична состојба“. Така, Хрватска и Албанија се на 80. место, Бугарија на 70., Босна и Херцеговина на 86., Грција на 89., Србија на 96., а Косово на 99. позиција.

Во делот посветен на Северна Македонија, „Репортери без граници“ забележуваат дека иако новинарите не работат во непријателска средина, довербата во медиумите опаѓа поради ширењето на дезинформации и недостигот на професионализам. Таквата состојба ги прави независните медиуми подложни на закани и напади.

Телевизијата останува доминантен извор на информации, но значајна улога имаат и онлајн медиумите. Сепак, се прави јасна разлика меѓу професионалните онлајн редакции кои објавуваат оригинална содржина и порталите што само пренесуваат туѓи текстови.

Политичкиот контекст и понатаму формално дозволува слобода на печатот, но во пракса се забележува недоволна транспарентност на институциите и зголемен број напади врз критичките новинари. Се наведува дека и владејачките и опозициските партии имаат свои медиумски мрежи врз кои вршат политичко и економско влијание, а јавниот сервис нема ниту уредничка, ниту финансиска независност.

Иако Уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, правната рамка сè уште не е целосно усогласена со европските стандарди. Особена загриженост предизвикуваат стратегиските тужби (SLAPPs) кои се користат за притисок врз медиумите, како и новиот закон што дозволува рекламирање на државните институции во приватни медиуми.

Во економскиот дел од извештајот се укажува дека уредниците на некои национални ТВ-канали се изложени на притисоци од сопствениците, дека државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми зависат од странски донатори. Се нагласува и дека новинарството е сè понесигурна професија, подложна на маркетиншки влијанија.

Од „Репортери без граници“ дополнително нотираат дека владините претставници често имаат непријателски и понижувачки однос кон новинарите.

Според деталната анализа, најголем пад е забележан во политичкиот индикатор – 9,07 поени, потоа во социјалниот – 4,19 и економскиот – 3,66 поени. Нешто подобри се резултатите во правната рамка (поенска разлика +0,25) и во безбедносниот индикатор (+0,01).

Во социокултурниот контекст се наведува дека, иако формално нема ограничувања, дигиталниот простор овозможува ширење дезинформации и сајбер-напади, што во комбинација со ниските професионални стандарди води кон опаѓање на јавната доверба и зголемен ризик за напади врз новинарите по основ на пол, етничка или верска припадност.

Кога станува збор за безбедноста, неколку инциденти – како палење имоти на новинари и полициско вознемирување – го намалиле чувството на сигурност. Од една страна, е назначен специјален обвинител за ваквите случаи во Скопје и се разгледува отворање на слични канцеларии низ земјата. Од друга страна, новинарите кои известуваат за правосудството се соочуваат со сериозен притисок.

На врвот на глобалната листа се Норвешка, Естонија, Холандија, Шведска и Финска. На дното се Еритреја, Северна Кореја, Кина, Сирија, Иран и Авганистан.

Ј. Ѓ.

Поврзано: 

„Репортери без граници“: Слободата на медиумите низ целиот свет во 2025 година е на најниско ниво

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МакедонијамедиумиРепортери без граници

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk