Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвена да одобри прва продажба на воена опрема на Украина, откако Министерството за внатрешна безбедност издаде лиценца за извоз на воена опрема и услуги во вредност од над 50 милиони долари.
Ова е првпат откако Трамп ја презеде власта САД да обезбедат воена помош за Украина, пишува „Гардијан“.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека потпишувањето на договорот е „историски момент“ и дека создава можност за значајни инвестиции во Украина.
И покрај првичните несогласувања за време на преговорите, украинските власти сега веруваат дека договорот ќе им овозможи и да се здобијат со клучни воени системи, како што се ракетните системи „Патриот“, што би можеле да се финансираат од фондот за минерали.