ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ со изложба и доделување награди за најдобри фотографии

May 5, 2025 15:40
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Фото: Петр Стојановски

Фото: Петр Стојановски

Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат” и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година.

На јавниот повик што го распиша ЗНМ пристигнаа вкупно 15 апликации, секоја со свој уникатен пристап во доловувањето на значајни општествени моменти. Жири-комисијата, составена од Владимир Арсовски, Боро Арсовски и Роберт Коцев, ги селектираше најдобрите три фотографии.

Првата награда беше доделена на фоторепортерот Слободан Ѓуриќ за фотографијата „Татко – Кочани“.

Втората награда ја доби фотографијата „Канадер – Охридско Езеро” од фоторепортерката Маја Јаневска-Илиева.

Третата награда ја поделија фоторепортерите Ѓорѓи Личовски зафотографијата  „Ловец на Персиди“ и Роберт Атанасовски за фотографијата „Женски водици“.

Претседателот на жири комисијата Владимир Арсовски пред присутните го истакна своето задоволство и нагласи имавме тешка одлука околу доделувањето на наградите, бидејќи сите пристигнати фотографии беа одлични како од естетски така и од наративен и емотивен аспект. Одлуката на членовите на жирито беше субјективен став но сепак објективен израз на вредноста на наградените фотографии.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски истакна дека во време кога медиумските работници се соочуваат со сериозни предизвици, важно е гласно да се поддржат оние што со својот објектив ја забележуваат вистината.

„Тоа е посебната улога на фоторепортерите – да бидат и сведоци и хроничари на времето, да ни ги пренесат моментите на радост и надеж, но и моментите на тага, кои понекогаш не можеме да ги изразиме со зборови.“ рече Чадиковски.

Оваа изложба претставува креативен и силен пресек на настаните што го обликуваат нашето време – документирани преку визурата на професионалните фоторепортери. Дел од фотографиите го доловуваат еден од најтешките колективни моменти во поновата историја – трагедијата во Кочани, при што фоторепортерите се покажаа како хроничари на болката, но и на достоинството и човечноста.

ЗНМ ќе продолжи да ја поддржува слободата на изразување и да ја промовира важноста на визуелното новинарство како дел од професионалното медиумско известување.

Изложбата ќе биде отворена до 12 мај и сите заинтересирани ќе имаат можност да погледнат во просториите на Музејот на град Скопје.

Tags: ЗНМнаградиФотографии
Next Post

Со свечена академија одбележани 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk