ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ презентираше документи за наводна корупција од 350.000 евра на Максим Димитриевски

May 8, 2025 12:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Денес ги објавуваме документите за најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум и бизнис партнер Драган Митевски. Овој документ е полномошно со кое кумот на Димитриевски, Драган Митевски, му дава овластување на „Лидл“ да постапува за измена на ДУП-от. Односно, Лидл во име на Драган Митевски има право да иницира постапка за измена на ДУП во општина Куманово, истакна на денешната прес-конференција, Александар Јовановски, советник во Советот на општина Куманово и ги презентираше документи.

Во продолжение изјавата од Јовановски.

Сега замислете, Драган Митевски, кум на Максим, преку ноќ купил земјиште од Димитриевски и неговото семејство за 250.000 евра. Неколку дена подоцна, го продал на Лидл за 600.000 евра со што заработил 350.000 евра со нула инвестиција, преку ноќ.  Потоа ги овластил купувачите да спроведат постапка за менување на ДУП кај неговиот кум Димитриевски. Постои ли поочигледен судир на интерес и корупција?

Да биде скандалот поголем, при првото гласање н Советот на општината за измената на ДУП-от, кое подоцна е поништено, за ДУП-от и негова измена гласал и братот на Драган Митевски, Дарко Митевски, кој е координатор на советничката група на ЗНАМ. Не се знае кој повеќе е заглавен во конфликт на интереси во овој случај, крајот не може да им се фати.

Откако сфатиле дека тоа не може да помине, на второто гласање Максим се договора со советниците на ДУИ и тие му го гласаат ДУП-от. Сè уште молчи Максим што тоа им е ветено на советниците од ДУИ. Му даваме уште еден ден, а потоа ќе го објавиме неговиот договор и за оваа работа.

Но според нашите информации, скандалот не завршува тука. Денес ќе поставиме прашања и овој пат, наместо да се обидуваат да се правдаат со напади и контранапади, нека бидат доблесни да одговорат барем на едно прашање, затоа што работата е крајно сериозна, а граѓаните имаат право да знаат.

Прашуваме, дали е вистина дека постои друг договор помеѓу кумот на Максим склучен со Лидл, во кој тој се обврзува да издејствува измена на ДУП-от во рок од две години? Дали е точно дека согласно тој договор, тој иако ги наплатил сите 600.000 евра, смее да користи само 180.000 евра, а останатите 420.000 мора да бидат на сметка и дека ќе може да ги користи дури по реализација на договореното, односно измена на ДУП-от?

Нашите информации се дека има и бараме итно и неодложно постапување на институциите на прогонот, ЈО и Антикорупциска. Итно мора да се оформи предмет за овој повеќе од очигледен случај на корупција на Максим Димитриевски.

Борецот за правда и лутиот ривал на ДУИ, Димитриевски, ниту е борец за правда, ниту се бори против ДУИ. Си ги сруши целосно клучните ветувања пред граѓаните. Се испостави дека го интересираат само пари и бизнис, и дека за да го реализира тоа, спремен е да прави договори со секој, па дури и со ДУИ, за која цела кампања зборуваше дека мора да оди во опозиција.“, истакна Јовановски.



 

Tags: документикорупцијаКумановоМаксим ДимитриевскиСДСМ
Next Post

Путин и Си во Кремљ разговарале за продлабочување на билатералните односи

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk