ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мерц: Од клучно значење е да ги зголемиме на трошоците за одбраната во НАТО

May 9, 2025 16:25
in ДЕНЕС, СВЕТ

Од клучно значење за НАТО во текот на следните неколку години е постојано да ги проширува своите напори за зголемување на трошоците за одбраната, што мора да биде континуиран процес, изјави германскиот канцелар Фридирх Мерц во коментар на информациите дека се подготвува предлог за зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на Алијансата на ниво на 3,5 отсто од БДП, како и дополнителни 1,5 проценти за инфраструктурни проекти.

– Сега нема смисла да се расправаме за апстрактни удели во БДП. Но, сакам експлицитно да кажам дека повеќе пари само по себе не се вистинскиот одговор, рече Мерц на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте по нивната средба во седиштето на Алијансата во Брисел.

Според Мерц, како што јави дописникот на МИА од Брисел, не станува збор само за трошење повеќе пари, туку и за зголемување на ефикасноста и за што се потребни три работи – поедноставување, стандардизација и зајакнување на економијата.

– Ние, сојузниците, одлучуваме за нашата одбранбена способност, а со тоа и за нашата безбедност во слобода и мир, истакна Мерц.

Тој додаде дека на претстојниот Самит на НАТО во Хаг кон крајот на јуни, земјите членки ќе мора да донесат важни одлуки поврзани со одбраната и безбедноста и за да ја обезбедат одбранбената способност на Алијансата.

– До таа точка треба да стигнеме тука во Европа, бидејќи тоа е европско прашање. Тоа не е прашање за Алијансата во целина, туку за европските партнери на НАТО. Треба да набавуваме многу поефикасно и да произведуваме многу поголеми количества, рече Мерц.

Според него, зголемување на трошоците за одбраната и подобрувања на ефикасноста е директно поврзано со руската агресија врз Украина, која не е само директен напад врз украинскиот територијален интегритет, туку и врз целиот политички поредок на Европа воспоставен по 1990 година.

– Сфаќаме дека мора да направиме повеќе отколку што правевме во минатото. Мора да ги зголемиме нашите одбранбени напори независно од војната во Украина. Ќе мора континуирано да ги одржуваме одбранбените напори во наредните години што е наш интерес, рече германскиот канцелар.

Руте, од своја страна, истакна дека не може да говори за конкретни бројки и проценти за нивото на раст на трошоците за одбраната, но дека НАТО мора да ги зголеми своите одбранбени издвојувања ако сака да ги исполни сите свои задачи, да напредува во иднина и да може да се справи со долгорочните закани што ги претставува Русија.

– Тоа апсолутно ќе значи зголемување на трошоците за одбрана. Очигледно, кога ќе ги зголемите трошоците за одбрана, мора да размислите за сите задачи што се поврзани со неа. Секогаш сум велел дека ако се држиме до двата проценти, не можеме да се одбраниме, па затоа мора навистина да ги зголемиме трошоците за одбрана, рече Руте.

Но, според него, само по себе тоа нема да е доволно, туку НАТО треба да ја зајакне и одбранбената база за да може да ги засили можностите за одвраќање и одбрана, но и да го зголеми одбранбеното производство во услови кога Русија, чија економија е 25 помала од онаа на сојузниците, за три месеци произведува муниција, колку што членките на Алијансата произведуваат за една година.

– Ваквиот вид решителна акција е токму она што ни треба за да изградиме посилно, пофер и поборбено НАТО. Треба да се осигураме дека нашите војски ги имаат потребните капацитети за одвраќање и одбрана и да ги чуваат нашите една милијарда луѓе безбедни. Затоа, заедно ќе работиме на зголемување на трошоците за одбрана, а исто така и на подобрување на капацитетот на одбранбената индустрија од двете страни на Атлантикот, рече Руте.

Според него, со зајакнување на способноста за одвраќање и одбрана се испраќа јасен сигнал дека НАТО не се само што е обединет, туку е решен и целосно способен да обезбеди робусна колективна одбрана во услови на секој предизвик.

Мерц, со своја страна, додаде дека во моментов НАТО е многу повеќе од само одбранбена алијанса, туку е и политички сојуз на трансатлантска поврзаност меѓу Америка и Европа.

– Се надевам и претпоставувам дека ќе го одржиме и понатаму ќе го развиваме овој трансатлантски сојуз во неговата суштина, исто како што се развиваше и во изминативе 75 години, рече Мерц.

Tags: МерцНАТОтрошоци
Next Post

Руте: Никогаш не сме ветиле членство на Украина во НАТО во рамки на мировниот договор

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk