ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

May 11, 2025 11:13
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 

По парламентарните избори на кои СДСМ забележа пад на поддршката, партијата влезе во процес на внатрешна консолидација. Новото раководство предводено од Венко Филипче најавува зацврстување на позициите, а потпретседателката Кристина Костова во интервју за Фронтлајн вели дека враќањето на довербата кај граѓаните ќе се базира на понуда на конкретни решенија, а не на голо критизерство.

„СДСМ нуди платформа за коалицирање со сите кои ѝ мислат добро на земјава, базирана на социјалдемократски и проевропски вредности. Јасно се дистанцираме од политики на изолација, омраза и неправедна распределба на средства. Црвените линии се веќе видливи – во коалициска смисла, неприфатливи се оние што престојуваат во Белата палата и поддржуваат погубни политики“, вели Костова, упатувајќи на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакнува дека СДСМ како опозиција нуди решенија за зголемување на минималната плата на 500 евра, намалување на цените на основните производи и деблокирање на евроинтегративниот процес. „Работиме во интерес на државата и граѓаните – тоа ќе биде препознаено и вреднувано“, додава таа.

Во пресрет на локалните избори, фокусот на СДСМ ќе биде враќање на довербата преку теренска стратегија и програмска понуда која ќе биде насочена кон реални потреби на граѓаните. Костова е критична за работењето на општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи го како „девастирачко“.

„Три и пол години ги арчат парите на граѓаните, а не покажаа резултати на локално ниво. Затоа Мицкоски нè задолжи сите нас со милијарда евра, за да им даде финансиска инјекција на дпмневските градоначалници, за тие да можат да изглумат дека нешто правеле. Исто така, во секоја Општина водена од ДПМНЕ, градоначалниците се поврзани во шеми кои укажуваат на криминали и злоупотреби. Мораме да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од редовите на ДПМНЕ’, истакна Костова“.

Приоритет на СДСМ, според Костова, ќе биде понуда на конкретни решенија за секоја општина – од подобрување на животните услови, до борба против корупцијата. Партијата очекува добри резултати таму каде што граѓаните ги препознаваат напорите на СДСМ, но и во средините каде има незадоволство од „фушерајското“ управување на локално ниво.

Поврзано: 

Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрадоначалнициизбориинтервјуКристина КостоваФронтлајн
Next Post

Mаж од кичевско со секира ги нападнал родителите, таткото починал

НАЈНОВО

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk