– Лидерот на Алијансата за Албанците – АА, Арбен Таравари, се сретна со премиерот на Република Албанија и претседател на Социјалистичката партија, г. Еди Рама, за да му ја честита победата на изборите одржани на 11 мај. Средбата се одржа во просториите на Владата во Тирана, во пријателска и братска атмосфера, соопштуваат од Алијанса за Албанците.
Оттаму велат дека Таравари ја пренесе најискрената честитка во име на Алијансата за Албанците за изборната победа и повторното добивање на довербата од граѓаните за Социјалистичката партија и нејзината визија за Албанија.
– Со најевропскиот премиер во моментов или како што сите велат во овие денови: со Еди“, напиша Таравари по средбата.
„За време на разговорот беа дискутирани и прашања од значење за Албанците во регионот, како и потребата за зајакнување на меѓуалбанската соработка на сите нивоа – политичко, институционално и општествено. Алијансата за Албанците високо ја цени улогата на Албанија како клучен фактор во поддршката на демократскиот развој и правата на Албанците во регионот и изразува подготвеност за понатамошно продлабочување на таа соработка“, се наведува во соопштението од АА.