По заминувањето на Арбен Таравари од Владата, политичките аналитичари во земјава неговата партија Алијанса за Албанците на претстојните локални избори ја гледаат во коалиција со Демократската унија за интеграција на Али Ахмети.
– По напуштањето на Владата, Алијанса за Албанците на Таравари сега е опозициски субјект кој автоматски се приклучува во борбата на другите партии за победа на локалните избори и евентуално предвремените парламентарни избори. Таравари ќе биде обврзан да соработува со опозициските партии бидејќи со ВЛЕН тој се раздели и ништо не го зближува. Другите опозициски партии, вклучително и во одредени општини и СДСМ, соработката на Алијанса за Албанците во голема мера ги зголемува шансите за победа на опозицијата, особено на Албанците, на изборите, земајќи ги предвид општините каде што Алијанса за Албанците и ДУИ беа политички противници за освојување на општините како Гостивар, Дебар, Теарце, Врапчишти итн. Тие можат да го сторат тоа преку меѓусебни договори и резултатот ќе биде во нивна полза, вели за Фронтлајн Урим Салиу – политички аналитичар.
Од друга страна, Фронтлајн од партиски извори блиски до Алијанса за Албанците дознава дека овој викенд во Куманово ќе заседава партиското Собрание на кое ќе се утврдува одлуката за напуштање на Владата. Истите извори велат дека поради статутарни пркршувања, актуелниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи ќе биде разрешен од функцијата претседател на Собранието на Алијанса за Албанците.
Арбен Таравари денеска во Тирана се сретнa со премиерот Еди Рама, со кого разговара за актуелната политичка состојба во земјава по заминувањето од Владата на Христијан Мицкоски.
Во меѓувреме, се очекува и средба на Таравар со лидерот на СДСМ Венко Филипче.
Дестан Јонузи