ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На чело на Народната банка доаѓа близок соработник на Никола Груевски

May 23, 2025 12:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Опозицијата и јавноста остро се спротивставија на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка.

– Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пиун да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер. Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се „многу пари“. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство – човекот кој, додека ги водеше финансиите на земјата, жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата, велат од опозициската СДСМ.

Трајко Славевски е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој беше близок соработник и на Никола Груевски, министер во неговата влада која ги понижуваше работниците и ги третираше како ефтина работна сила. Како претседател на Советот на Град Скопје, ќе остане запаметен како лицето кое го уништи градот. Славески ги водеше битките на Мицкоски со Арсовска, откако им пропаднаа бизнис-зделките.

Oливер Спасовски координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата вели дека наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славевски за Гувернер.

– Ние нема да го поддржиме предлогот за Гувернер, затоа што изборот е исклучиво теснопартиски. Ова не е избор којшто ќе понуди експерт на позицијата Гувернер на Народна банка што било би рекол традиција во изминатите години. Од претседател на Совет на град Скопје доаѓа како предлог за гувернер на Народната банка. Тоа е првата работа. Втората причина, тоа е човек којшто се спротивставува на растот на минималната плата, на економски политики коишто се за доброто на граѓаните. Тој беше најголемиот противник, ако се сеќавате тој велеше дека дури 9.000 денари била голема минимална плата итн. Не може ништо добро да донесе ниту за системот ниту за државата. Трето, човекот којшто овие изминати скоро четири години како претседател на Советот на Град Скопје не направи ништо освен кочење на сите работи коишто требаше Советот да ги прави и практично водеа некакви полички битки помеѓу градоначалничката којашто тие ја избраа и ВМРО-ДПМНЕ. Немаме навистина никаква причина да се даде поддршка Трајко Славевски да биде Гувернер на Народна Банка, изјави Спасовски.

Демократската унија за интеграција обвини за етничка дискриминација и исклучување на Албанците од овој процес.

Дестан Јонузи

Tags: ВМРО-ДПМНЕНародна банкаСДСМТрајко Славевски
Next Post

За викендот дожд, град, грмежи и ветер

НАЈНОВО

Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

Николоски: Cелосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичевo, обезбедени 5,3 милиони евра грант, државата го добила и случајот „Казандол“

August 19, 2025

Сапорт Кочани: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk