Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека првиот канал за комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, бил министерот за кој се очекува да биде избран, Азир Алиу.
Според Таравари, Азир Алиу комуницирал со Али Ахмети без негово знаење од јануари, а дури подоцна го информирал за ова.
– Се сретнав со г-динот Али Ахмети во втората половина на март. Имаше комуникациски канали и претходно. Првиот комуникациски канал беше г-динот Азир Алиу, кој сега ќе биде избран за министер. Комуницираше без директно да ми каже и без да ме информира, изјави Таравари.
Изјавата на Таравари покренува сомнежи во јавноста дали Азир Алиу е навистина позициониран во новата влада да ги претставува интересите на ВРЕДИ, или ќе функционира како тивка врска со ДУИ, држејќи ја партијата на Ахмети во политичката игра од зад сцената.
Во овој контекст, се поставува суштинското прашање: Дали Христијан Мицкоски е свесен за оваа поврзаност? И ако е така, дали ова е дел од поширок договор или стратешка грешка што може да ја чини стабилноста на новата коалиција?
Дестан Јонузи