ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јакимовски: Владата веќе 11 месеци не дава одобрение за негувателки и воспитувачки во градинките под надлежност на Општина Карпош

June 3, 2025 12:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски

Share on FacebookShare on Twitter

Владата веќе 11 месеци не дава одобрение за издавање на лиценци за негувателки и воспитувачки во градинките под надлежност на Општина Карпош, иако се соочуваат со недостаток на персонал, посочи денеска на прес-конференција градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Тој истакна дека изминатата година од градинката „Орце Николов“ во пензија се заминати осум негувателки, од градинката „Распеана младост“ – шест, додека од „Пролет“ – пет негувателки.

– Соочени сме со тоа да од две градинки правиме една, бидејќи немаме персонал поради што Владата после една година не најде решение за издавање лиценци за негувателки и воспитувачки. Ова значи ние доколку сакаме да платиме негувателки или воспитувачки или доколку родителите сакаат да платат не можат да работат бидејќи немаат лиценца, а тоа Владата еве веќе 11 месеци го нема решено. Во градинката „Орце Николов“ во последната година заминати се осум негувателки или воспитувачки во пензија или ја напуштиле градинката, а ниту за едно немаме одобрение. Замислете куриозитет, минатата година на 3 декември Министерството за финансии одобрило пет вработувања со важност до 31 декември, а од Министерство за труд и социјална политика ни ги доставија дури на 3 февруари. Ете така функционира нашиот систем и оваа партизирана држава. Истите овие барања ги поднесовме повторно и замислете сме одбиени, иако тие пари се планирани од Буџетот на државата. Од градинката „Распеана младост“ изминатава година, заминати се шест негувателки или воспитувачки и за ниту една немаме добиено одобрение. Во градинката „Пролет“, исто така имаме пет негувателки заминати во пензија, а ниту за една немаме добиени одобрение, нагласи Јакимовски.

Посочи дека Министерството за внатрешни работи доставило допис до Општина Карпош со кој се барало да бидат доставени легализираните градби во општината, по што Јакимовски упати прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дали такво писмо е испратено и до Општина Чаир.

– Министерката за образование ни намали 16 милиони денари во делот на образованието, кај министерот за транспорт и врски девет месеци има три планови за кои немаме ниту едно одобрение. Министерот за внатрешни работи ни има доставено допис со кој бара да му испратиме сѐ што имаме легализирано на потез од АБЦ клубот до крстосницата со булевар 8 Септември. Имам јавно да го прашам – дали вакво писмо министре имате доставено до Општина Чаир или евентуално во вашиот Аеродром вакви писма испраќате? Замислете на утрешната седница на Влада има точка да се одземе спортската сала Партизан 4, па сега имам повторно да прашам – има ли нешто да одземете од Општина Чаир? Бараки земате од Карпош, сала земате од Карпош, не дозволувате ниту еден човек да се вработи во градинките каде што има зголемен број на деца, посочи Јакимовски.

Next Post

Популарната теорија за судбината на нашата галаксија можеби е погрешна, велат астрономите

Најново

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАСА во трка со времето: Инженерите се обидуваат да го спасат „Војаџер 1“

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk