ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

June 5, 2025 08:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

„Не може повеќе да одиме на избори како ништо да не ни се случило. Трагедиите јасно покажаа дека мора да има промени и директна индивидуална одговорност. ЛДП достави закон со кој бара воведување на една изборна единица и отворени листи, модели кои ја унапредуваат демократијата давајќи можност граѓаните да изберат кој/а сакаат да ги претставува во Советите и Парламентот без притоа нивниот глас да оди во ветар“, вели во интервју за Фронтлајн, Моника Зајкова – претседателка на Либерално демократската партија (ЛДП).

Според неа, сите истражувања покажуваат дека со една ИЕ ќе се обезбеди поправична застапеност.

Во поглед на уставните измени нашиот став, вели во интервјуто Зајкова, е дека на Македонија и треба ЕУ заради европски институции, реформирано правосудство, повеќе неповратни парични грантови кои достигнуваат и до милијарди евра.

Запрашана за оценка за меѓуетничките односи, таа вели дека овие теми треба веќе да ги надраснеме и да се грижиме што навистина им треба на граѓаните.

ФРОНТЛАЈН: ЛДП и вие лично поддржувате модел со една изборна единица? Кои се конкретните предности што ги гледате во една изборна единица за граѓаните и демократијата во Македонија?

Моника Зајкова: Не може повеќе да одиме на избори како ништо да не ни се случило. Трагедиите јасно покажаа дека мора да има промени и директна индивидуална одговорност. ЛДП достави закон со кој бара воведување на една изборна единица и отворени листи – модели кои ја унапредуваат демократијата давајќи можност граѓаните да изберат кој/а сакаат да ги претставува во Советите и Парламентот без притоа нивниот глас да оди во ветар.

Сегашниот модел ги фаворизира 4 најголеми партии давајќи им и повеќе средства, и аналитички центар што значи од старт борбата е нерамноправна. Воедно многу гласови дури од 20.000-40.000 се одлеваат и исто толку граѓани не се претставени во Парламентот. Сметам дека ни е неопходно промена за да имаме фер и рамноправна борба во изборниот процес.

ФРОНТЛАЈН: Дали мислите дека една изборна единица ќе им овозможи на помалите партии да бидат позастапени во Собранието? Како ќе се обезбеди правична застапеност на сите етнички заедници во модел со една изборна единица?

Моника Зајкова: Сите истражувања покажуваат дека ќе се обезбеди поправична застапеност. Во Парламентот можеби ќе имаме порадикални или полиберални страни, и тоа можеби некому нема да му се допаѓа, но на крајот важно е да се испочитува волјата на секој граѓанин. Уставот гарантира дека секој има право на глас тогаш зашто нечиј глас да биде помалце важен и застапен од нечиј друг.

ФРОНТЛАЈН: Како ја оценувате моменталната позиција на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции? Дали верувате дека владата на ВМРО-ДПМНЕ искрено ќе го продолжи патот кон Европската Унија и како гледате на ставот на новата влада околу уставните измени и односите со Бугарија?

Моника Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да се фокусираме на државните и граѓанските интереси, потребно е итно да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи во државава. Ставот на ЛДП е јасен. Ние го слушаме народот и учиме од грешките. Граѓаните на последните избори јасно кажаа дека сакаат да нè видат со обединет став во поглед на националните позиции. Затоа и веднаш излеговме со предлог за креативни решенија, кој беше прифатен по дури 6 месеци. ЛДП секогаш помагала и ќе помага кога е тоа во интерес на државата и граѓаните.

Побаравме да се формира Совет од сите партии бидејќи голем дел од партиите членуваме во европските семејства, ние како центристичка партија во групата на Либерали и демократи, има партии и во левите, во десните блокови. Да направиме еден Совет каде што не мора да имаме исти ставови по однос на секојдневните прашања, но ќе имаме координација по однос на позициите на меѓународно ниво и никогаш не е доцна тоа да се формира. Воедно побаравме средба со цел да се запознаеме со Стратегијата на Владата и напорите кои истата ги вложи изминативе месеци во полето на евроинтеграциите. Можеби не говориме многу во јавноста, но кога имаме конкретен предлог за кој сме убедени дека постои поддршка, излегуваме го кажуваме и подготвени сме да помогнеме.

Во поглед на уставните измени нашиот став е дека на Македонија и треба ЕУ заради европски институции, реформирано правосудство, повеќе неповратни парични грантови кои достигнуваат и до милијарди евра. Во таа насока секогаш и сме се воделе. Она што ние го предложивме за уставните измени е одложено дејство преку креативна интерпретација на Заклучоците на Советот, во кои не стои децидна обврска уставните измени да стапат во сила веднаш и еве, сите да лобираме за тој дел.

По однос на Бугарија тие си имаат своја национална реторика, сметам дека ние не треба да се обидуваме да наметнеме како они сакаме да не гледаат, туку да си се гледаме себеси и да работиме на нашата цел да станеме полноправна членка на ЕУ и сите да нè гледаат како европска држава.

ФРОНТЛАЈН: Како ЛДП гледа на владеењето на правото и борбата против корупцијата во контекст на евроинтеграциите?

Моника Зајкова: Голема грешка е што не се прифати предлогот на ЛДП за измена на Кривичниот законик со кој ќе се овозможеше делата од 30тата глава со кои директно се штети на буџетот да не застаруваат така лесно туку за 3 пати повеќе. Ние не го гласавме КЗ и имавме наш предлог. Сепак иако толку се правеше во јавноста фама за овој закон ние нов текст немаме добиено иако 1,5 година се зборува за целосно нов закон. Мислам дека на ова поле иако се прави обид за одредени реформи динамиката оди многу бавно. Сè уште немаме ниту еден закон кој се однесува на суштинска реформа во правосудството. На последната седница на Националниот совет за евроинтеграции не ни добивме детален брифинг за тоа до каде е реформската агенда во оваа област.

Не е само КЗ, не знаеме до каде е имплементацијата на препораките на Оценската мисија, Законот за судски совет, за судии и јавни обвинители итн. Оттука не гледам суштински промени за напредок.

ФРОНТЛАЈН: Има ли простор за дијалог меѓу опозицијата и власта околу суштински реформи (правосудство, медиуми, изборен систем)?

Моника Зајкова: Јас не можам да говорам во име на цела опозиција, можам да кажам дека ЛДП уште на почетокот на формирањето на новиот парламентарен состав јасно кажа дека дава поддршка на сè што значи суштинска реформа, добробит на граѓаните и напредок на државата, а за тоа што не е во ред ќе дава предлози и критики. Жалам што не беше прифатен нашиот закон за платен промет со кој ќе се намалеа и укинеа банкарските трошоци и провизии, а повеќе пари ќе останеа во џебот на граѓаните, не се прифати законот за електронска нараквица за жртвите на насилство, не се прифати Кривичниот закон. Она што е позитивно што само една суштинска заложба на ЛДП беше прифатена во закон – тоа е можноста за гласање доверба на градоначалниците односно отповикување градоначалник, кој закон ќе видиме дали ќе добие 2/3 мнозинство и ќе го види светлото на денот.

ФРОНТЛАЈН: Како ја оценувате состојбата на меѓуетничките односи за време на владата на Мицкоски?

Моника Зајкова: Јас не ги делам граѓаните по етникум и не ги гледам така. Сите живееме со исти секојдневни проблеми и предизвици. Овие теми треба веќе да ги надраснеме и да се грижиме што навистина им треба на граѓаните. За мене е важно секој граѓанин да може да добие квалитетна и навремена здравствена заштита, еднаков пристап до работа согласно неговиот квалитет и образование, правда пред правосудните органи, да дише чист воздух, да има примања за нормален живот, да има повеќе пари во сечиј граѓански џеб.

Потребни се засилени напори за зајакнување на институционалните капацитети, спречување на политичката злоупотреба на етничките прашања и работа за подобар европски живот на секој граѓанин.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Една изборна единицаЕУинтервјуЛДПМоника ЗајковаСобрание

НАЈНОВО

Протести пред Собрани. 5 јули 2022 година. Фото: Фронтлајн

Околу Собранието ќе има безбедносна зона, но протести и натаму ќе може да се одржуваат на улицата

June 6, 2025

Финскиот виртуоз Кимо Похјонен и дивата на португалскиот џез Марија Жоао вечер на ОФФест

June 6, 2025

Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украинските сили ја нападна руската ракетна база во Брјанската област, уништувајќи и оштетувајќи лансери „Искандер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk