ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

МТФ „Војдан Чернодрински“: Пренесувањето на „Ричард трети“ на Албанскиот театар во денешно време е одлично дело поставено на театарската сцена

June 10, 2025 19:19
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

 Класичното дело на Шекспир „Ричард трети“ е негово прерпочитување, осовременување за да биде поблиско до денешната публика, нагласи модераторот Звонко Димоски при денешните разговори за претставата „Ричарт трети“ на Албанскиот театар која е во официјалната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп.

-Претставата беше долга, комплексна, всушност, како што е и текстот на Шекспир. Се разбира, не беше едноставно да се следи истовремено и преводо.т Честитки до целиот ансамл на Албански театар. Режисерот Бектеши овој класичен текст го направил со многу современи изрази, и некако филмски. Прашање е колку се инспирирал од филмот од 1955 година. Пренесувањето на „Ричард трети“ во денешно време во популистички, фашистички контескт, слично на филмот, беше голем предизвик и одлично дело поставено на театарската сцена, рече Димоски.

Главниот актер Адем Карага, кој го презеде најголемиот товар на улогата, на сцена беше фасцинантен. Карага ги пренесе согледувањата за сценскиот израз.

-Секоја година сум на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ и ми е посебно задоволство. Работата на претставата беше напорна полни три месеци. Мене ми требаше време да се „одлепам“ од таа класика за да дојдам до денешново време.  Шекспир е Шекспир. Режисерот имаше јасна визија. Неговата визија е да го донесе Шекспир во денешно време. Идејата беше да ја претставиме денешницата и каде таа нѐ води, рече актерот Карага, кој го толкува ликот на Ричард Трети.

Карага одговори отворено како се спротивставил на физичката и психолошката тежина на ликот.

-Ние сите, како чисти битија доаѓаме на светов. Околностите нѐ прават зли. Ричард има физички мани, а конфликтот со околината го прави трагичен лик. Јас сочувствував со него, одговори Карага.

И денеска на Македонскиот театарски фестивал продолжува богатата програма. Вечерва на репертоарот се три претстави – две во официјалната конкуренција и една од независната продукција.

Од 19 часот во големата сала од Центарот за култура „Марко Цепенков“ е претставата на Драмски театар од Скопје „Парови“, а од 22:30 часот на истата сцена пред публиката ќе се претстави домаќинот, Прилепскиот народен театар со претставата „Бура“.

Од 20 часот во прилепскиот кафе бар „Тротоар“ е независната претстава „Ла Макбет“ од „Хибрид продукција“ од Скопје.

Next Post

Ципрас и Заев им ја доделија Преспа наградата за мир на режисерите на документарниот филм „No Other Land“

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk