ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Смеј се, осмели се и пронајди ја слободата во театарот

June 10, 2025 11:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со силното мото „Смееј се и осмели се“,  годинешниот фестивал „Војдан Чернодрински“ донесе емоционална искреност, слободен актерски израз и храброст да се зборува за темите што не се лесни, но се нужни. Уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска, и актерот Ѓорѓи Јолевски, преку претставата „12“ на Македонскиот народен театар, го отворија прашањето – што значи денес да се биде храбар уметник?

„Кога зборуваме за храброст, не мислам на големи гестови. Храброст е да чувствуваш кога сите се исклучени, да се впуштиш емотивно кога другите одмавнуваат рамнодушно. Се обидов со изборот на претстави да го разбудиме чувството кај публиката – да не им биде сèедно. Театарот не е само уметност, тој е размена на енергија. Ако не чувствуваме ништо, ако не сме трогнати, тогаш не сме ја сработиле задачата“, вели Стојаноска.

Таа додава дека храброста и смеата не се спротивности, туку сојузници. „Кога ќе се осмелиш да се соочиш со вистината, колку и да е тешка, доаѓа моментот кога ќе можеш и да се насмееш – бидејќи си ја пребродил. Тоа е пораката на годинашната селекција.“

Од сцената, Ѓорѓи Јолевски и неговите дванаесет колеги од МНТ донесоа трислојна претстава – драма, гротеска, апсурд – низ која се врежаа болката, хуморот и бесмислата на современиот човек. „Секоја претстава е нов сон. Секоја е обид да го пронајдеме клучот до срцето на гледачот“, вели Јолевски.

Тој го истакнува пристапот на режисерот Синиша Ефтимов како особено значаен за изведбата: „Слободата што ни ја даде Ефтимов не значеше анархија. Сè беше строго детерминирано, но во тие граници ние пронајдовме нов начин на движење, изразување, комуникација со енергијата на сцената. Глумата не е имитација – таа е трансформација, а оваа претстава ни овозможи токму тоа.“

Војдан Чернодрински рекол: „Театарот е живот, а животот без љубопитни очи е само тишина.“ Токму тие љубопитни очи, љубопитните срца – верната публика – го прават „Војдан Чернодрински“ најжива, најпулсирачка и најпрестижна театарска смотра веќе 59 години.

Публиката во Прилеп, позната по својата остроумност, емоционална отвореност и љубов кон театарот, не остана рамнодушна.  Тркалезните маси по претставите, како што вели Стојаноска, се секогаш полни со реакции. „Можеби не секогаш удобни, но точно такви какви што ги посакуваме. Реакцијата значи дека нешто сме поместиле. А тоа е нашата цел – да предизвикаме, да разбудиме.“

И годинава фестивалот уште еднаш покажа дека театарот е жив, храбар и чувствителен. И дека во заедништвото – на сцената, зад сцената, и во гледалиштето – се крие вистинската моќ на уметноста.

Без публиката, театарот не постои – таа е срцето што чука 59 години.

Александра Тодоровиќ / Трн.мк
Tags: Ана СтојаноскаМТФ „Војдан Чернодрински”
Next Post

Рекордно висок број странци добија германско државјанство во 2024 година

Shortcut

Најново

Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk