Пишува: ТОШЕ ЗАФИРОВ
Влада на Република Северна Македонија, односно Христијан Мицкоски, единствено се труди да си помогне себе си преку скапо платен и празен ПР кој нè чини неколку стотици илјади евра. Пари што можат да се искористат на многу покорисен начин.
Еве ги ПР пакувањата без трошка чувство, емпатија и солидарност со вистинските потреби на повредените и семејствата на настраданите:
„Проект Кочани 2030″
„Кочани е наш приоритет“
„Кочани нe сте сами“
„Специјална телефонска линија за директна комуникација со претседателот на Владата„
А реалноста е:
Владата/државата нема пари да ги плати компресивните помагала.
Директорот на Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Сашо Клековски, на трибината „Кочани е наш приоритет“ кажа дека државата има капацитет да се справи со последиците од трагедијата, АМА компресивните ракавици сепак нема да бидат нарачани и платени од државата.
Еве на дело проактивност од Support Kocani; волонтери, лојални граѓани, и ако јас се прашувам, вистински патриоти.
„Support Kocani“ ја плати фактурата за компресивна облека во износ од 923.458,00 денари од донации.
Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на авторот
Прочитајте и…