ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

June 16, 2025 12:11
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

По напуштањето на Алијансата за Албанците на Владата предводена од десницата со Христијан Мицкоски на чело, поради – како што изјавија од оваа партија – системската институционална дискриминација кон Албанците и некоординираноста меѓу функционерите на различни партии во институциите, група функционери од оваа партија сепак избраа да останат покрај Мицкоски наместо да ја напуштат Владата.

Тие ја обвинуваат Алијансата за Албанците и нивниот лидер Арбен Таравари дека ја напуштиле Владата за да соработуваат со ДУИ на Али Ахмети на локалните избори. Од друга страна, самиот Таравари неколкупати изјави дека локалните избори се административни и не политички избори, и дека во нив гледа соработка со сите политички партии, зависно од потребите што ги имаат меѓу себе партиите во одредени општини.
Во меѓувреме, се зголемуваат гласовите и за сериозно обединување меѓу двете крила на Алијансата за Албанците, она на Зиадин Села и Арбен Таравари.

– Ја носам тежината на одговорноста како човек кој ја создаде оваа политичка организација, и секако чувствувам тежина – не вина. Секој кој нема никаква врска со генезата на Алијансата за Албанците си зема за право да озборува и спомнува. Како таков, чувствувам одговорност да ја обединам и зајакнам Алијансата за Албанците и да ги замолчам оние кои ја злоупотребуваат за власт (групата што остана на власт од крилото на Таравари), рече Зиадин Села на средбата со своите структури во селото Дебреште – Гостивар.

Арбен Таравари исто така испрати благи, но јасни сигнали за неговиот однос со поранешниот сопартиец Зиадин Села.

– Со блага насмевка, Таравари изјави: „Не сум се помирил со Села“, оставајќи да се разбере дека иако нема формално помирување, тензиите можеби се намалени.

Додека политичките калкулации во рамките на Алијансата за Албанците сè уште се разгледуваат и се бара формула за обединување, калкулаторот за локалните избори, очигледно го зеде во рака лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети. Во политичките кулоари се зборува за два одделни состаноци помеѓу лидерот на интегративците Али Ахмети со Зиадин Села и Арбен Таравари за локалните избори.

Неофицијални извори велат дека ДУИ ќе има кандидати во Тетово, Чаир и Кичево, крилото на Таравари во Гостивар, Врапчиште и Сарај, додека крилото на Села засега во Струга и Арачиново. Сепак, договорот не е затворен. На маса ќе се разгледуваат и други комбинации за поделба на останатите општини.

Општините каде што ќе се натпреваруваат и победуваат партиите на Албанците се: Тетово, Гостивар, Чаир, Струга, Кичево, Сарај, Арачиново, Боговиње, Теарце, Врапчиште, Липково, Желино, Брвеница, Студеничани, Дебар, Пласница. Но гласовите на Албанците ќе бидат одлучувачки и во Град Скопје, како и во други општини како што е Куманово, Чашка, Крушево, Бутел, Гази Баба, Петровец, Чучер-Сандево, Велес, Охрид и др.

Но што се случува со групата функционери на Алијансата за Албанците кои останаа во Владата на Мицкоски?

Според познавачи на политичките случувања во земјата, тие се речиси на чекор до спојување со Демократското движење на Изет Меџити. Тие се предводени од заменик премиерот Арбен Фетаи, кој доаѓа од село Слупчане – Куманово, живее и работи во Белгија, но претходно бил активен во Движењето Самоопределување на Албин Курти, каде заедно со Дарадан Молиќи создале фракции и нова партија – Социјалдемократската партија на Молиќај. По неуспехот таму, Фетаи се вклучи во Алијансата за Албанците и од тој момент, според партиски извори од двата крила на Алијансата за Албанците (АА), тој регрутирал луѓе што ќе му бидат блиски и денес речиси сите тие се на страната на Мицкоски.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Али АхметиАлијанса на АлбанцитеАрбен ТаравариДУИЗиадин СелаЛоклани избори
Next Post
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Тошковски: Македонија е безбедна држава, граѓаните прават разлика од тоа како било претходно

НАЈНОВО

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат заради лагите и манипулациите

October 11, 2025

ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

October 11, 2025
ФОТО: Твитер

Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk