ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Постои сериозна опасност дали СДСМ ќе продолжи да постои по локалните избори

June 19, 2025 13:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека не гледа конструктивност од страна на опозициската СДСМ во однос на процесот на евроинтеграции на земјава и нагласи дека поради едноцифрениот рејтинг, кој сега го има партијата, има сериозна опасност дали таа таа ќе продолжи да постои по локалните избори.

-Гледате дека градиме, се бориме низ цел свет, а тој (Венко Филипче) со една изјава вика јас се прифаќам, се што ќе ми ставите на маса дајте да потпишам, само вратете ме на власт да бидам премиер, тоа не е конструктивност, тоа е рушење и затоа имаат едноцифрен рејтинг и мислам дека по локалните избори постои серозна опасност дали таа политичка партија ќе продолжи да постои, изјави Мицкоски, кој  присуствуваше на отворање на комплексот „Македонско село“, одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека СДСМ и Филипче се конструктурни во однос на евроинтегративниот процес.

Во врска изјавите дека Филипче по примерот на Зоран Заев, кодоши и ги поткопува државните интереси, Мицкоски истакна дека смета оти не треба подетално да навлегува во  анализа каде го забележува предавничкиот, поданички и кодошки однос.

-Мислам дека јавноста тоа го гледа јасно, не би одел чекор повеќе, тоа е позната стратегегија на СДСМ, тие мислат дека на таков начин повторно ќе добијат шанса да ја водат владата, но мислам дека прават стратешка погрешна комуникација, но тоа е нивна работа, нема да навлегувам во сето тоа, а што се однесува до неговите изјави за автократија во политката кога испраќате порака, ако таа порака не ја чувствуваат мнозинството граѓани тогаш таа порака за бадијала ја испраќате…Јас досега такво нешто немам ниту слушнато, ниту почувствувано, ниту имам намера така да се однесувам, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека кога се испраќаат стратешки зборови со клучни пораки, тоа треба да е барем во рамките на тоа што народот го чувствува, затоа што, како што рече, „вака излегува дека вие се служите само со политички ќорци“.

Во врска со обвинувањата на СДСМ за селективност во истрагата за пожарот во Кочани, како и за објавите на опозициската партија во врска со фирмата „Салтировски Консалтинг“ Мицкоски истакна дека тој ја разбира стратегијата на СДСМ и обидот преку некрофилија да добие политички поени.

-Што се однесува до суштината на истрагата не би коментирал, сега веќе има обвинеија, тоа е во рами на Јавното обвинителство, Владата, ниту кој било дел од неа не е поврзан со истрагата, која ја води Љупчо Коцевски, јавен обвинител кој со огромно мнозинство го избраа СДСМ и ДУИ, во тимот се и обвинители, кои во минатото не е тајна дека беа поддржани од СДСМ и ДУИ. Тука СДСМ повторно на некрофилски начин ја злоупотребува трагедијата и загубите на луѓето. Мислат дека така ќе профитираат, но мислам дека се лажат. Што се однесува до политичката кампања околу донациите тоа може да биде само уште еден доказ повеќе дека нема селективност, за разлика од случајот со Модуларната болница, Ласкарци, Беса транс, кога до ден денес имаме привилегирани директни или индиректни актери во тој случај и јас навистина го повикувам Јавното обвинителство ревосно да се позанимава и со овие случаи, тие така рекоа, но како да ги подзаборавија, истакна Мицксоки. ац/са/

Tags: МицкоскиСДСМ
Next Post

За најавите за штрајк во М-НАВ, Мицкоски вели - се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk