Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека примирјето меѓу Иран и Израел сега е на сила.
Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social „дека ги моли Иран и Израел“ да не го прекршуваат примирјето.
Американскиот претседател синоќа објави дека е постигнат договор за прекин на огнот и дека војната меѓу Израел и Иран е завршена, но потоа и двете страни испукаа нови ракети.
Доналд Трамп објави дека Израел и Иран ќе постигнат целосно и тотално примирје, кое во следните дваесет часа ќе се претвори во целосен крај на војната.
Шефот на иранската дипломатија,Абас Аракчи, изјави дека нема „договор“ за никаков прекин на огнот меѓу Израел и Иран, но додаде дека доколку Израел ја запре својата „нелегална агресија“ против иранскиот народ најдоцна до 4 часот наутро по техеранско време денес, Иран нема намера да продолжи со својот одговор после тоа.