ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Во преговарачката рамка пишува „македонски јазик”, ниту модерен, ниту старовремен – тоа прашање е затворено

June 26, 2025 21:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Поранешниот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричич, во емисијата „Само интервју“ се осврна на предлог амандманот на ЕПП во Европскиот парламент, во Извештајот пред терминот „македонски јазик“ да се додаде „модерен“.

Според Маричиќ, во преговарачката рамка јасно пишува македонски јазик и дека тоа прашање е затворено.

„Јас мислам дека може на крајот да излезе дека ова е експеримент кој ќе заврши на штета на Македонија. Се надевам дека нема да се усвојат оние амандмани кои ги предлагаат бугарските европратеници од сите групи и дека тоа ќе биде спречено и треба сите да се ангажираме да биде спречено. Зошто мислите дека ние во овој момент имаме нешто посилно од тоа што веќе го имаме во преговарачката рамка? Ние во нашиот 7 годишен мандат, не сме дозволувале да се дискутира за било какви придавки на македонскиот јазик“ порача Маричиќ.

Тој потсети и преземените чекори во однос на Бугарија и евроинтеграциите, за време на владеењето на Владата предводена од СДСМ.

„Во 2022 беше последниот извештај на ЕП, во 2023 година беше еден деликатен период кога во Бугарија се чекаше да се формира Влада и мислам дека Илхан Ќучук учествуваше во тој процес, наш добар пријател, меѓутоа во тој период тој напиша еден извештај кој беше прилично еднострано претставен, пробугарски и ние кога го видовме тоа се обидовме да разговараме со европратеници кои што беа од груата на социјалисти и демократи да помогнат тоа да не се изгласа. И во заедничка акција, дел од нив, изреагираа и не се донесе никаков извештај. Изразивме став да нема никаков извештај, отколку да има таков каков што беше. Зошто да не го побараме тоа и сега. Нас не ни треба извештај во кој ќе се додаде „современ македонски јазик“. Било каква додавка, придавка, не треба да има, ниту за јазикот ниту за идентитетот. Ние сме се избориле за тоа во преговарачката рамка“ заклучи Маричиќ.

Tags: бугаријаевроинтеграциимакедонски јазикМаричиќ
Next Post

ЦИВИЛ: Стоп за масакрот во Газа – светот мора да се разбуди! Гледаме геноцид во живо и не смееме да молчиме!

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk