ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Тензично во Србија: Голем број граѓани одат кон Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

June 28, 2025 17:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Белград, протести. Фото: Скриншот

Белград, протести. Фото: Скриншот

Граѓаните и студентите незадоволни од режимот на Вучиќ во Србија, почнаа да се собираат кај Правниот и техничкиот факултет на Универзитетот во Белград, непосредно пред 17 часот, од каде што ќе се упатат во групи кон Славија, каде што ќе се одржи протестната програма „Се гледаме на Видовден“, закажан за 18 часот, пишува Н1.

Во пресрет на протестот, тие доставија два ултиматума до владата на Србија – распишување вонредни парламентарни избори и прекин на собирот на чаците во Пионирски парк.

Во отворено писмо до владата, тие наведоа дека на протестот во Белград се очекува присуство на „голем број незадоволни граѓани“, како и дека „не можат да ги предвидат понатамошните чекори на граѓаните по официјалното завршување на митингот“.
Студентите велат дека бараат избори на кои сакаат да учествуваат, бидејќи, како што велат, не гледаат друг излез од оваа ситуација и начин за ослободување на општеството.

Голем број граѓани се собираат на Плоштадот на Републиката во Белград.

16.39h na Trgu republike više hiljada pretežno ekipe iz#NoviSad pic.twitter.com/lspXGkJuxp

— zarko bogosavljevic (@zarkobns) June 28, 2025

Студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) се упатија кон Славија, а на чело на колоната беше транспарентот „Тик-так, тик-так“.

JOŠ 1 SAT: Tik-tak. pic.twitter.com/LRU5kI302B

— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) June 28, 2025

Власта со опструкции и сценарија за да ги спречи незадоволните граѓани од режимот на Вучиќ да присуствуваат на најавениот голем протест.

Како што јавуваат српските медиуми полицијата запира комбиња и автобуси кои се упатуваат кон Белград, одзема регистарски таблички и ги праќа на вонреден технички преглед.

Како што јавуваат српските медиуми полицијата запира комбиња и автобуси кои се упатуваат кон Белград, одзема регистарски таблички и ги праќа на вонреден технички преглед.

Утрото, сообраќајната полиција запре минибус што превезуваше студенти на протест во Белград на наплатната рампа на автопатот Нови Сад – Белград.

Градскиот превоз во централниот дел на Белград попладнево е запрен и на возилата им е наложено да се вратат во гаража.

Возилата на градскиот превоз во Белград повеќе не сообраќаат, а кога повторно ќе се вратат на улиците засега не се знае.

До Белград нема да може да стигнете со воз, откако компанијата „Србијавоз“ го прекина железничкиот сообраќај во петокот поради, како што рече власта на Вучиќ, наводна пријава за поставени бомби на сите пруги и во сите возови.

Полицијата го запре сообраќајот на автопатот во близина на Сава Центарот, а возилата што доаѓаат од правец на Нови Сад се пренасочуваат кон мостот на Ада.

Фото: Скриншот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека „Србија не го прифаќа ултиматумот“.

„Српската држава многупати се соочуваше со ултиматуми од странски големи сили. И овојпат, странските сили ни испратија ултиматум преку домашни послушници. Одговорот на српската држава беше секогаш ист… Ултиматумот не е прифатен, не мора да чекате до 21 часот утре“, рече Вучиќ.

Тој денеска рече дека  очекува инциденти на протестот и дури го прецизира и времето кога ќе се случат. Тврди дека „насилството ќе започне помеѓу 20:45 и 21:45 часот“.

„Ќе има насилство, тие не можат да излезат од тоа. Никој нема да ги слуша нивните говори“, изјави Вучиќ пред новинарите во Палатата на Србија по доделувањето награди на поединци и институции по повод Видовден.

Тој додаде дека државните власти ќе се обидат да бидат воздржани и трпеливи, а организаторите на собирот нема да бидат задоволни од резултатите од тој протест.

Во Белград, истовремено, чаците („студентите 2.0“), организираат литературна вечер пред Народното собрание, каде пристигнуваат и поддржувачи на Вучиќ.

Голем број поддржувачи на СНС се упатија кон Пионерскиот парк, а претходно се собраа кај Палатата на Србија, од каде што со автобус дојдоа од различни делови на Србија. „Се надевам дека сè ќе помине мирно, дека ниту тие ниту ние ќе пролеваме српска крв на српска земја на Видовдан“, рече еден граѓанин. Неколку граѓани за Н1 изјавија дека сакаат да ја изразат својата поддршка за Александар Вучиќ.

Во кампот на чаците – Пионирскиот парк – е најавена литературна вечер. Точното време на настанот, односно кога би можела да започне литературната вечер, не е прецизирано, но беше најавено дека ќе биде поставена мала сцена, чија инсталација започна синоќа, пред српскиот Парламент.

Во Палатата на Србија, во 10 часот наутро, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе им додели награди на заслужни поединци и институции по повод Видовден.

По повод Видовден, Владата на Србија ќе одржи свечен состанок во Градското собрание во Крушевац во 11 часот, додека во 12 часот ќе се одржи државна церемонија.

Ј. Ѓорѓиоски

Tags: ВучиќпротестиСрбија
Next Post
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

(ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

НАЈНОВО

Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите

August 15, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025

„Мегадет“ го најавија својот последен албум и прошталната турнеја в година

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk