ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

June 29, 2025 11:48
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Share on FacebookShare on Twitter

Утрово, Белград се опоравува од големите антивладини протести што се одржаа вчера до доцна навечер на 28 јуни, на Видовден, национален и верски празник во Србија, кој ја означува Битката на Косово во 1389 година. Протестите, предводени од студентите, траат веќе осум месеци, а почнаа по колапсот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024, при што загинаа 16 лица, трагичен настан кој се поврзува со корупција на властите.

Во судирите беа повредени шест полицајци, како и двајца цивили, објави српското Министерство за внатрешни работи. Исто така, повреден е најмалку еден новинар (камерман на N1 TV), иако јасно бил означен со ознаката ПРЕС.

Полицијата уапси неколку десетици учесници, според Ројтерс и AП, без точно наведени бројки. Властите сѐ уште не објавуваат точен број на уапсени.

Главниот митинг се одржа на плоштадот Славија во Белград, каде што учествуваа десетици илјади демонстранти, кои бараа предвремени парламентарни избори и оставка од претседателот Александар Вучиќ. Властите „пресметаа“ дека имало околу 36.000 учесници, додека независни набљудувачи проценуваат дека имало околу 140.000 демонстранти.

Дојде и до судири меѓу протестантите и специјалните полициски единици околу владините објекти и Пионерскиот парк, каде што се наоѓа провладиниот камп „Ћациленд“ уште од март годинава. Демонстрантите фрлаа јајца, шишиња, камења и факели, а полицијата возврати со солзавец, шок‑бомби и физичка сила.

Претседателот Вучиќ ги обвини протестите за обид за дестабилизација на државата и посочи дека во ова има странска вмешаност, иако во ниту еден момент не приложи докази за своето повеќепати повторено тврдење. Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека полицијата интервенирала за да го врати јавниот ред и ги уапсила само оние што ги нападнале полициските службеници.

Во деновите пред протестот, властите уапсија неколку луѓе осомничени за заговор за преврат и забранија влез на поединци од Хрватска и Црна Гора.

Денеска во Белград е мирно, но напнато. Се расчистуваат трагите од протестите, а на клучни локации се бележи голем број полицајци. Јавниот превоз се нормализира.

Студентското движење најави дека ќе продолжи со протестите додека не се исполнат нивните барања, меѓу кои сега главно е одржување предвремени избори. Редовен термин за следните парламентарни избори е 2027 година.

Џ. Д. / Цивил Медиа

Прочитајте и…

(ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

 

Tags: протестиСрбија
Next Post

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk