ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Извештај на Комитет на ОН за човекови права за Северна Македонија: Зачестени напади врз новинари, загриженост за говорот на омраза и условите во затворите

July 2, 2025 12:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фотографија: ОНТВ/МИА

Фотографија: ОНТВ/МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот за човекови права при Обединетите нации во рамки на 144 сесија го заврши разгледувањето на четвртиот периодичен извештај за Северна Македонија за тоа како ги спроведува одредбите од Меѓународната конвенција за граѓански и политички права, при што експертите на Комитетот ги пофалија напорите на државата за справување со дискриминацијата и покренаа прашања во врска со извештаите за прекумерна употреба на сила од страна на граничните службеници против барателите на азил и напади врз новинари.

Експертите, во рамки на вчерашниот дел од сесијата ги потврдија позитивните напори што ги презема државата за зајакнување на владеењето на правото и справување со дискриминацијата, преземени во контекст на кандидатурата на Македонија за членство во Европската Унија.

На сесијата за Македонија, од нашата делегација се бараше одговор за тоа како државата обезбедила навремено и ефикасно истражување на наводите за прекумерна употреба на сила од страна на граничните службеници против барателите на азил и за тоа што државата презема за спречување на зголемувањето на нападите врз новинари во последните години и какви обуки им се обезбедени на јавните службеници за правото на слобода на изразување.

Никола Прокопенко, државен советник за кривично законодавство во Министерството за правда на Северна Македонија и шеф на делегацијата, рече дека Северна Македонија е посветена на спроведување на препораките на Комитетот, кои се составен дел од стратешките приоритети во реформирањето на правниот систем, зајакнувањето на владеењето на правото и унапредувањето на демократијата во согласност со европските стандарди.

Во врска со мерките за спречување на дискриминација, делегацијата изјави дека државата го хармонизира законот за спречување на дискриминација со релевантните директиви на Европската Унија. Националната комисија за следење на дискриминацијата е зајакната, како и дека таа помогна во развојот на национални политики за спречување на дискриминација и во подигањето на свеста кај државните службеници за ова прашање.

Делегацијата соопшти дека во рамките на полициската служба постојат внатрешни механизми кои истражувале жалби за прекумерна употреба на сила и тортура од страна на полициски службеници. Кога биле пронајдени докази, била покрената кривична постапка против обвинетиот службеник, кој исто така бил санкциониран. Немало пријави за прекумерна употреба на сила против мигранти и баратели на азил помеѓу 2022 и 2024 година.

Македонската делегација, исто така, информирала дека неодамнешните измени на Кривичниот законик дозволуваат гонење по службена должност на нападите врз новинари, како и дека државата работела на зголемување на видливоста на кривичните дела против новинарите и зголемување на казните за такви кривични дела, нагласувајќи дека во 2024 година биле извршени четири кривични дела против новинари и сите овие случаи биле гонети.

Во завршните забелешки, македонскиот претставник Прокопенко, изразил благодарност за конструктивниот дијалог, посочувајќи дека препораките на Комитетот ќе послужат како вредни насоки за зајакнување на законите и политиките, во насока на градење поправедно и порамноправно општество засновано на човекови права.

Чангрок Сох, претседател на Комитетот, во заклучните забелешки, ја пофали Северна Македонија за ратификацијата на меѓународните договори, правните норми за родово базирано насилство и политиките за родова еднаквост. Сепак, тој рече дека остануваат загриженостите поврзани со прашања како што се говорот на омраза, условите во затворите и ограничената рамка за заштита на барателите на азил.

Македонската делегација беше составена од претставници на Министерството за односи меѓу заедниците; Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги; Министерството за социјална политика, демографија и млади; Министерството за правда; Министерството за здравство; Министерството за надворешни работи и надворешна трговија; Министерството за внатрешни работи; Министерството за образование и наука и Постојаната мисија на Северна Македонија при Канцеларијата на Обединетите нации во Женева.

Сесијата 144 на Комитетот за човекови права се одржува од 23 јуни до 17 јули 2025 година во седиштето во Женева. 

Tags: ИзвештајКомитет на ОН
Next Post

СДСМ за изјавата на Кос: Не сметаме дека еврокомесарката имашe лоша намера, но треба да се биде внимателен за чувствителни прашања

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk