ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

July 8, 2025 12:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за кандидирање на Орце Ѓорѓиевски – актуелен градоначалник на општина Кисела Вода – за прв човек на Скопје, предизвика бурни реакции во јавноста. Граѓаните, наместо ентузијазам, чувствуваат загриженост: дали неуспешниот модел од Кисела Вода ќе се прошири на ниво на главен град?

Од Кисела Вода до Скопје – извоз на неуспехот

Според достапните податоци, Ѓорѓиевски реализирал едвај 20% од ветеното во својот мандат во Кисела Вода. Сѐ останато се сведе на неисполнети проекти, урбанистички хаос, нехигиена, и отворена негрижа за жителите. Ниту мегапарковите, ниту катните гаражи, ниту решенијата за загадување – сѐ остана само на хартија. Ако ова е “успехот“ на кој се повикува ВМРО-ДПМНЕ, тогаш Скопје е навистина во опасност.

Фотографирање наместо работа

Мандатот на Ѓорѓиевски беше повеќе маркетинг отколку менаџмент. Фотосесии, објави на Фејсбук, лажен ПР – тоа беше секојдневие. А реалноста? Запуштени улици, населби без основна урбана опременост и отворено игнорирање на потребите на граѓаните. Скопје нема потреба од градоначалник кој се слика, туку од некој што работи.

Систематско саботирање на градот – за партиски цели

Ѓорѓиевски беше активен чинител во блокадите на градот. Тој стоеше зад протестите во „Комунална хигиена“, со кои Скопје се претвори во депонија. Тој, според обвинувањата, организирал паралелен синдикат во ЈСП и бил дел од координирани акции за кочење на јавните претпријатија – само за да се урива политичкиот ривал Арсовска, некогашната миленичка на истата таа партија. Таквиот однос кон институциите е деструктивен и опасен – особено кога станува збор за главниот град.

Прашања без одговор – ветувања без реализација

Каде се ветените мегапаркови?
Каде се новите градинки, освен една донација од „Усје“?
Каде се реновираните улици во Црниче, Припор, Бабин Дол?
Каде е паркот на Есенинова? Пешачките патеки? Противпожарната бригада?
Граѓаните со право се прашуваат: дали и Скопје ќе изгледа исто како Кисела Вода ако Орце Ѓорѓиевски стане градоначалник?

Партиски извршител, а не градски лидер

Ѓорѓиевски не се гледа како независен лидер. Тој е човек на Мицкоски, пиун кој ги спроведува интересите на партијата. Наместо да се справи со урбанистичките проблеми, тој како претседател на ЗЕЛС, според СДСМ, свесно го кочел правилникот за дивоградби – за да го заштити коалицискиот партнер Висар Ганиу. Таквиот партиски сервилитет е спротивен на концептот на одговорна и отчетна локална власт.

Скопје заслужува повеќе

Скопје е повеќе од партиска шаховска табла. Тоа е мултиетнички, комплексен и динамичен град што бара сериозно лидерство, транспарентност и отчетност. Орце Ѓорѓиевски не е тоа решение. Неговиот мандат е доказ дека неспособноста, лажниот ПР и партискиот интерес не смеат да добијат втора шанса. Скопје мора да тргне напред, со градоначалник кој ќе работи за сите граѓани – а не за една партија.

Дестан Јонузи

Tags: ВМРО-ДПМНЕГрад СкопјеЛокални избори 2025СДСМ
Next Post

Мицкоски: Жално е што во 21 век во ЕП на талибански начин се оспоруваат македонскиот идентитет и јазик

EVN

НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Срамна партизација, хаос и културна деградација во режија на ВМРО-ДПМНЕ

February 2, 2026

Филмот „Срам и пари“ ја освои главната награда на Санденс!

February 2, 2026

(ВИДЕО) Прв поглед на трејлерот за култниот моден хит „Ѓаволот носи Прада 2“

February 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Томашевиќ: Нема да има дочек на хрватските ракометари во Загреб поради несогласувања околу настапот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 2 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп најави тужба за водителот на доделувањето на Греми наградите, Тревор Ноа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ќе испратат чекови за неколку минути“: Трамп тврди дека може да ја спаси ОН од банкрот со еден повик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски: Зголемен прагот на толеранција за брзината за системот Безбеден град

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk