Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА
Зад нас е тежок ден во кој пожарите однесоа еден живот.
Но, тоа не ги спречува Мицкоски и ДПМНЕ целосно да ги игнорираат и пеколните пожари, и криците на граѓаните за помош.
Ужасите на климатската криза штотуку почнуваме да ги чувствуваме.
Во Скопје активни 5 пожари, а гори и во Дојран, Крива Паланка… Само денеска се регистрирани 14 пожари на територија на државата.
За жал, не гледаме ниту трошка волја од владејачката структура предводена од ДПМНЕ да преземат што било корисно, а во насока на справување со последиците од кризата.
Пожарите се гасат со странска помош, вклучително и од Грција, а активирани преку Европскиот механизам за цивилна заштита.
Ама, ЕУ е лоша, а Владата што си ги преспа овие пеколни денови е топ.
Како и секогаш, така и деновиве – Мицкоски и ДПМНЕ знаат само да се сликаат, да брујат со активности на социјални мрежи, додека на терен и во пракса нивната неактивност и неспособност се покажуваат како кобни.
Ја следат ситуацијата, ама на Фејсбук, со слики од Калифорнија и убедувања дека се справуваат со ситуацијата напишани од генератори од вештачка интелигенција.
Единствен мотив што им го даваат на граѓаните да се вклучат во гаснењето пожари и да си ги ризикуваат животите се 24.000 денари, некој денар повеќе од мизерната минимална плата што одбиваат да ја покачат.
За хероите минималец, за нив илјадници евра плата, манго, папаја, летови во бизнис класа и туристички екскурзии на сметка на граѓаните.
Комплетно одлепени од реалноста!
Не само што Владата предводена од Мицкоски и ДПМНЕ немаат никаква стратегија за борба со пожарите, туку и таму кајшто е акутна ситуацијата и тие се обврзани брзо да помогнат, не го прават тоа.
Наместо да им помогнат на сограѓаните, тие се сликаат, а кога себепромоцијата им создава спротивен од очекуваниот ефект – се расфрлаат со обвинувања и одговори.
Мицкоски си тера партиски агенди, со партиски пресови и партиски настани и ич не му чуе за државата!
Впрочем, како и секој ден откако е премиер.