ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски

July 9, 2025 13:46
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН

Албанија е единствената земја на Западен Балкан во која сите политички партии и актери се проевропски ориентирани, се наведува во извештајот на Европскиот парламент што денеска беше усвоен во Брисел. Извештајот беше усвоен со 502 гласа „за“ и 120 „против“.

– Албанија отвори 24 од 33 поглавја од преговорите за членство и го поздравуваме тој брз напредок, изјави известувачот за Албанија, Андреас Шидер, австриски европратеник од редовите на Социјалистите и демократите (С&Д), при дебатата во понеделникот.

Сепак, тој нагласи дека Тирана има уште многу работа, особено во области како што се слободата на медиумите, владеењето на правото, економските и еколошките реформи, како и зајакнување на граѓанското општество.

Иако Албанија е соочена со длабока политичка поларизација, таа се разликува од другите земји во регионот токму по тоа што и власта и опозицијата се цврсто проевропски ориентирани, оценува ЕП. Тоа, според Шидер, е „сила што може да доведе до нови реформи“.

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, изјави дека Албанија напредува со темпо „без преседан“ и дека „трансформациската моќ на процесот на проширување јасно се гледа токму во Албанија“. Според неа, Албанија и остатокот од регионот остануваат геостратешки приоритет за ЕУ.

Хрватскиот европратеник Давор Иво Стир (ХДЗ/ЕПП), член на Одборот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), изјави дека „Албанија можеби најдобро го искористи геополитичкиот момент“ што повторно ја стави темата за проширување на агендата на Унијата по руската агресија врз Украина.

– Видливо е дека од тогаш преговорите со Албанија се забрзани и таа презема водечка позиција на патот кон членството, иако сѐ уште се соочува со бројни предизвици, особено околу владеењето на правото и транспарентноста на демократските процеси, изјави Стир.

Тој додаде дека, статистички гледано, Црна Гора и натаму е во најнапредна фаза со бројот на отворени и затворени поглавја, но, за разлика од Албанија, таму постојат силни политички сили кои го поддржуваат концептот на „српски свет“, што го забавува интеграцискиот процес на Подгорица.

Tags: АлбанијаЕУ
Next Post

Мизрахи: Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk