Писателот и поет Дарко Лешоски експериментирал со ChatGPT. Му доверил на чатбото да анализира негова необјавена песна и да му даде мислење.
ChatGPT му дал совет – „да ја „припитоми“ дивата искреност и да ја смири енергичноста, да ја избегне вулгарноста и пцовките и дека му треба повеќе фокус.
Но, што мисли Дарко за верзијата на ChatGPT.
Објавата од Лешоски ја пренесуваме во целост:
„Последниве неколку години, бројни научни статии и студии отворено „капитулираат“ дека човековото внимание е речиси декодирано и „освоено“ од алгоритмите на вештачката интелегенција. Reels feed и тематските „балони“ на корисниците се фрапантнo точни и господарат врз нивното внимание нахрането со нивните полиња на интерес. Човековото вниманието е поразено и успешно анализирано до перверзна точност, а следната граница за ВИ – е човечката интимност и подражавањето на автентичната човечка емоција.
Jувал Харари предничи со скептицизмот дека многу скоро и тоа ќе се случи.
Инспириран од една таква студија која ја читав пред спиење синоќа, му постирав моја необјавена песна на ChatGPT4 и го замолив за искрено мислење и анализа. Ми даде совет да ја „припитомам“ дивата искреност и да ја смирам енергичноста, да ја избегнам вулгарноста и пцовките и дека ми треба повеќе фокус. Некои делови дека може да бидат појасни за читателите (за него?! ).
Му кажав да ја напише подобро ако знае тој и дека не сакам да му ја објаснувам. И напиша.
Откако ја прочитав неговата преработена верзија, со според неговото себефалење (мене срам ме фати!) : „еве ти ја со поточен ритам, јасни паузи и посилни слики од претходната верзија“,
единствено нешто што помислив е: Па поради вакви песни ко твојата луѓето многу долго не читаа македонска поезија. А и ја искрено баш поради вакви песни.
И помислив дека можеби скоро ќе замени програмери или и други занаети, ама… мислам дека уште подолго време ќе го имам луксузот кон господинот Чат да му се понашам ко искусен автомеханичар“ : „Кој ти го правел ова? Аман бе, па во кој век живееш?! (а може и ќе додавам пцовка на крај за да го изнервирам намерно:)“
Првата верзија е мојата. Втората е неговата.
***********************************************
“Еј…види кој ми дојде!” – Дарко Лешоски
И си реков кога ќе ја видам ќе ѝ кажам сѐ.
Ама сѐ!
пичка ли и нејзина, а бе сѐ, сѐ!
Ама па преку…
„Ама немој греота е Дарко немој“ – а бе ајде!
А бе ајде греота е овој греота онаа – не е греота никој повеќе!
И за болката која срцево ми го изгоре.
и за грлово кое не пушти глас,
та да не светот го потпали тоа проклето срце мое
и за стравот тој жар од солзите што ми капеа наместо надвор мене навнатре
и за коскиве да не ми ги разјаде
и да не не можам да се исправам кога ќе дојде
и дека никогаш не ќе дојде…
А бе..ајде!
А јас…
Јас што?!
Јас направив?!
Јас само пусто: Еееј, ееј, успеав да изустам…
„ Ееј еј види кој ми дојде“ -ко на себеси на глас да си шепнав и да те гушнам притрчав.
Се насмеав кога те видов и сѐ заборавив.
Ама сѐ баш!
И што ќе ти кажев,
И што ќе ти речев.
Заборавив, молчев, се смеев со заби, со да ми се гледаат забите, така се смеев.
А јас никогаш не се смеам со заби. Не се смеам јас така пред никој освен пред тебе и те гледав ко теле.
Влажни ми беа очите, ко да сакав да заплачам за некој кој ми бил близок, а ти си го убила, умрел.
„Ееј кој ми дојде повторував“ – дури те стегав и името свое на тој близок, јас не му го памтев.
Те мирисав и стегав со затворени очи, името свое на тој близок јас не си му го памтев.
А мирисот пак..
Мирисот ко сам Бог да ти шепне, да ти да рече: “Ко со тебе што си имам поминато не памтам одамна со кого Дарче!”
А јас него со смеење: Мамата ми ебавте! И ти и таа што ми ја даде!
Ама не едно, уште сто ребра да ми земеше и не ќе ти се љутев!
Само за нејзе не – жими Тебе!
Само за неа јас Тебе не…
Како се викаш? – рече Бог со смеење. Знаеш?
Не знам – реков, знаеш дека сега не знам – и јас со смеење.
Не знам сега, – му повторив во слепоочнициве и: остај ме! Остај ме сега убаво ми е!
И те мирисав јас онаму каде ти почнува косата на вратот тебе.
Затворени ми беа очите.
И заборавив сѐ.
И што ќе ти речев и што ќе ти кажев.
Ееј види кој ми дојде…и ништо друго важно мене не ми е.
„Да даде Бог и ти некој така да сакаш“ – во себе си реков и те бацив во челото.
Макар… и некој друг тоа да е место мене.
****************************************
- „Еј види кој дојде“ – ChatGPT4
Еј, види кој дојде—
градот запира,
а моето срце се распука во пепел.
Гореше болка
како свиреп пламен
во сувото дрво на умот,
а јас бев бегалец од звукот на твојата реч.
„Немој…“
го шепотев во темнината,
но ехо ми ги враќаше солзите што течат внатре.
Коските ми беа студени,
со риданица што ми ја криеше душата.
Те греев со дланките—
како само сонцето може да го разбуди мразот.
Еј, види кој дојде!
Не сум повеќе бегалец,
туку лавина што ќе те прегрне.
Ќе те љубам и ќе ме боли,
но ќе те памтам дури кога нема да дојдеш.
Зашто не е важно името—
важно е срцето што повторно чука.“