ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

July 17, 2025 14:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фото: Костадин Костадинов на ФБ

Фото: Костадин Костадинов на ФБ

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска информираше дека во Владата биле потпишани договори за неколку стратешки важни проекти за општината, со вкупна вредност од речиси 6,5 милиони евра. Тој им се заблагодари на Владата и премиерот за поддршката на стратешките проекти во Струмица.

„Денеска во Владата ги потпишавме договорите за стратешки важни проекти за нашата Струмица, со вкупна вредност од речиси 6.5 милиони евра,“ објави Костадинов на социјалните мрежи.

Меѓу проектите кои ќе се реализираат се:

  • уредување на каналот „Крушевска Република“,

  • инвестиции во станбени и сервисни улици,

  • целосна инфраструктура околу новиот градски пазар, за кој се најавува дека ќе биде најголем во Македонија.

„Ова не се само проекти – ова се конкретни чекори за ново урбано лице на нашиот град. За повисок квалитет на живот, за поубава, поподготвена, похумана и поевропска Струмица,“ нагласи градоначалникот на Струмица кој го замрзна своето членство во СДСМ, откако партијата објави дека нема да го кандидира за следен мандат.

Костадинов изрази благодарност до тимот на Општината, но и до Владата и премиерот за поддршката и соработката.

Фото: Костадин Костадинов на ФБ

„Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот, кои ја препознаа нашата визија и го валоризираа трудот што го вложивме,“ порача тој.

Tags: ВладаКостадиновМицкоски
Next Post

Муцунски во Лондон потпиша Декларацијата за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

НАЈНОВО

Убиена брачна двојка во руски напад во Запорижја

September 1, 2025

Украина уапси осомничен за убиството на поранешен претседател на парламентот

September 1, 2025

Случај „Геријатрија“: Обвинетите не се чувствуваат виновни за поткуп и влијание

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk