Професорот и поранешен амбасадор во НАТО, Нано Ружин, во изјава за Фронтлајн ја опиша предлогот на Владата за резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет како политички театар за домашна публика, а не како сериозен обид за решавање на спорот.
„Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе за внатрешна употреба… тешко е дека таа ќе биде прифатена од страна на Софија,“ вели Ружин, додавајќи дека дипломатските процеси не се „бинг-бинг“ игри каде се добива сè без компромис.
Според него, фокусот одамна е пренасочен кон Брисел, а не кон Софија, и резолуцијата повеќе служи за рејтиншко позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ, отколку како реален дипломатски механизам.
Д.Јонузи