ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Србија ќе го проширува граничниот премин кај Прешево, ќе има 23 ленти

July 25, 2025 16:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Капацитетот на граничниот премин Прешево кон С. Македонија, еден од најпрометните гранични премини во Србија, наскоро би можел значително да се прошири, што ќе ги намали  и метежот и времето на чекање. Тоа е предвидено во Просторниот план на Зоната за посебна намена на граничниот премин Прешево,  даден на јавен увид.

Проширувањето вклучува реконструкција и изградба на патнички-царински и стоковно-царински терминал, како и сообраќајни решенија што ќе го зголемат пропусниот капацитет на преминот. Клучната новина е зголемувањето на бројот на сообраќајни ленти – од постојните капацитети на дури 23 ленти.

Планот опфаќа површина од речиси 17 хектари, а според Агенцијата за просторно планирање и урбанизам, јавниот увид ќе трае до 30 јули. Во документот се планира проширување на граничниот премин, што, како што е наведено, е објективна потреба, особено во критични периоди како што се одморите и празниците.

Посебно внимание ќе се посвети на товарниот сообраќај: гледано од правецот на Северна Македонија кон Србија, ќе се отворат четири ленти од десно исклучиво за товарни возила, кои ќе бидат физички одвоени од остатокот од сообраќајот.

Планот предвидува поставување на таканаречените „мобилни огради“ – решенија што овозможуваат флексибилно разграничување на насоките и привремено зголемување на капацитетот во согласност со моменталното оптоварување.

Покрај сообраќајните интервенции, се планира и преместување на неколку објекти: главната зграда, објектот за преглед на патнички возила, тоалетите, поштата и телекомуникацискиот објект, што би го реорганизирало просторот и би го направило пофункционален за корисниците и вработените.

Tags: границаПрешевоСрбија
Next Post

ЦИВИЛ: Системското изгладнување во Газа е масовно кршење на меѓународното хуманитарно право – Светот мора да делува веднаш!

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk