ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муртезани: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да има крај

July 30, 2025 15:09
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ треба да има крај рече министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска на заедничката пресконференција со министерот за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Бирн, одговарајќи на прашањето до кога македонската Влада ќе чека одговор од Бугарија во однос на заедничка резолуција за македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент и ставот на Софија и изгласаните декларации во бугарското Собрание.

Муртезани кажа дека е застапник на идејата дека мора да се градат заеднички позиции како соседи и да се почитуваат копенхашките критериуми, каде што првиот услов се токму добрососедските односи.

– Јас сум застапник на идејата дека резолуциите или внатрешните политички прилики не треба да се градат против соседите или против некого. Ние мора да градиме заеднички позиции како соседи, бидејќи цело време се повикуваме на копенхашките критериуми, првиот услов согласно копенхашките критериуми се добрососедските односи, и за нас и за Бугарија. Ова што ние го правиме последните неколку месеца, сите посети на министрите за европски прашања, министрите за надворешни работи, е да апелираме на сите тие наши грижи, не да спремаме терен за репреговарање на тоа што е преговарано. Меѓутоа, на некој начин да најдеме начин, како што и министерот Бирн спомна, нашиот процес да има крај, рече Муртезани.

Бирн, пак одговарајќи на прашањето и какви чекори за дијалог со официјална Софија може да се очекуваат понатаму и какви гаранции може да очекува Македонија од ЕУ во однос на процесот на преговарање со ЕУ, рече дека патот на земјава кон ЕУ е мачен, но додаде дека ќе работи секојдневно за да се олесни процесот.

– Навистина го ценам фактот дека патот на Северна Македонија кон ЕУ е мачен. Тука бев пред три години по францускиот предлог и договор и сметаме дека тоа треба да се спроведе, така ќе се отвори преговарачкиот процес. Не можам да давам никакви гаранции во животот, освен тоа дека ќе работам секојдневно за да го олеснам вашето пристапување врз основа на заслуги во ЕУ. Така ќе прават и сите други земји членки на ЕУ. И ние цврсто веруваме дека договорот којшто беше направен пред три години кога ќе биде имплементиран од ваша, од македонска страна, со тоа ќе се отвори преговарачкиот процес. Нема друг изговор според мене, така ќе се отворат преговорите мора да се отворат преговорите. Македонскиот јазик е признаен од ЕУ, договорот Фронтекс е составен на македонски јазик. Албанија ќе се приклучи кон ЕУ, така што македонскиот и албанскиот јазик ќе го имаат истиот статус како францускиот и германскиот, исто како мојот ирски, галски јазик можам да зборувам во ЕУ на тој јазик. И кога вие ќе бидете членови на ЕУ немам сомнеж дека ќе можете да зборувате македонски или албански или англиски или француски, рече Бирн.

Тој истакна дека на таа маса сите го имаат истиот статус, сите можат да зборуваат на мајчин јазик, да ја изразат сопствената култура.

– Тоа е ветувањето на ЕУ, на земјите како нас им дава можност за подобро да се изразат, да ја изразат својата култура, својот јазик и ние како Ирска и како претседателство ќе работиме кон тоа, договорите да се спроведуваат и да се почитуваат и да се добијат придобивките од нив, рече Бирн.

Tags: ЕУМуртезани
Next Post
Фото: Фронтлајн

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027, не е добра динамиката на проектот „Скопје 2028“

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk