ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027, не е добра динамиката на проектот „Скопје 2028“

July 30, 2025 15:11
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на 2027 година треба да биде завршена и пуштена во употреба Универзалната сала. До петок ќе биде распишан тендер за реконструкција на салата и градежните работи да почнат откако ќе заврши тендерската постапка односно кон крајот на септември.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека пред две недели поднел информација на седница на Влада за постапките и дека се завршени сите процеси што биле наследени од претходно. Министерството за култура и туризам е инвеститор, но установата останува во сопственост на Град Скопје.

-До крајот на оваа недела ќе биде распишана јавна набавка, процесот трае севкупно 60 дена и потоа почнуваме со изградба на Универзална сала. Се надевам дека до крајот на септември ќе можеме да ги отвориме понудите и да почнеме со процесот на реконструкција. Во динамиката што ја имаме определено во буџетот, би требало да заврши до крајот на 2027 година. Одвоени се околу 20 милиони евра, распределени во три години, информираше Љутков.

Со тој план објектот ќе биде отворен за настаните што ќе се одржуваат во рамки на манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

На средба со новинарите Љутков кажа дека на седница на Влада ќе се одлучи за поддршката – во пари и со простор и ресурси од Министерството за култура и туризам во овој проект што го води Град Скопје и за кој е обврзан да инвестира 25 милиони евра.

Од своја страна, Министерството веќе помага со изградба на седум мултифункционални објекти низ главниот град што ќе овозможат просторни услови за настаните во 2028. Нагласи дека нивната изградба не е предвидена во програмата за проектот „Скопје 2028“ за кој Министерството е поддржувач, а Градот го води целиот процес.

Затоа што им е важно Скопје да не ја загуби добиената титула од Европската комисија, „притискале“, рече, во Град Скопје да се формира  координативното тело за проектот кое досега имало неколку состаноци.

-Ние доцниме две години, уште од старт динамиката не е добра. До јануари овој процес беше блокиран, искомуницирав со градоначалничката и го формиравме координативното тело, притискав постојано да побрзаме да се формира за да не ја загубиме титулата, иако тоа не е моја надлежност.  Телото има 13 члена, 10 учествуваат од Град Скопје и тројца на предлог на Министерството за култура. Имаат неколку координативни состаноци, но не сме ние водичи на овој проект туку Град Скопје и затоа не би сакал да излегувам со информации за кои немам надлежност. Град Скопје треба да даде повеќе информации, рече министерот.

На средбата со новинарите Љутков додаде дека Град Скопје треба да даде 25 милиони евра, на кои се обврзал, но нема потпишан документ за сума што би требало да ја вложи и  Министерството за култура во проектот.

Рече дека претходната министерка ветила дека ќе даде неверојатни 120 милиони евра, и тоа било договорено во тогашната влада, но документот немал официјален потпис. Заедно со 25-те милиони евра од Градот, било ветено дека во манифестацијата  ќе вложат 145 милиони евра. Дури и Европската комисија во забелешка одговорила, рече Љутков, дека е невозможно да се обезбедат толку пари и дека никој толку не инвестирал во проектот Европска престолнина на културата.

Tags: ЉутковУниверзална сала
Next Post

Бирн: Ирска отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ, врз основа на заслуги

Shortcut

Најново

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk