ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Вниманието на македонските одбојкари насочено кон натпреварот со Грузија в недела

August 14, 2025 11:34
in ДЕНЕС, СПОРТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

По синоќешниот пораз од Грција во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство што се одигра во Атина, македонската репрезентација се враќа за Скопје и целото внимание сега е насочено кон дуелот в недела со Грузија, а победа со поголем резултат, според селекторот Јошко Миленковски и капитенот Никола Ѓорѓиев, носи реални шанси земјава по четврти пат да биде дел од европскиот собир, јави дописничката на МИА од Атина.

„Црвено-жолтите“ со 3-0 (25:18; 25:15 и 27:25) загубија од Грција што беше фаворит на натпреварот, македонските одбојкари натпреварот го започнаа динамично, но при крајот на првиот и во вториот сет ја загубија динамиката за одново да се вратат во последниот сет со две неискористени сет топки, но домаќинот на крајот извојува убедлива победа.

– Во третиот сет се водеше голема битка меѓу двете земји, при што гостите се подобрија во одбраната и нападот и поведоа со резултат од 5-10. Грција ја подобри својата игра во продолжение, освојувајќи поени преку Мухлиас и Вулкидис, додека Северна Македонија загуби неколку важни контра-напади, што ѝ се одрази негативно на психолошки план. На крајот, нашата земја го освои и овој сет со 27-25, благодарение на Галиотос и Питакудис, и со тоа, со четири последователни победи, се пласираше на завршниот турнир на EuroVolley, кој ќе се одржи следното лето, објави државната телевизија ЕРТ што воедно го пренесуваше во живо натпреварот.

Селекторот Јошко Миленковски и капитенот Никола Ѓорѓиев, по натпреварот за МИА рекоа дека сега нивното внимание е насочено кон последниот квалификациски натпревар.

– За жал не успеавме да го земеме третиот сет, имавме две сет топки и два убави тројни блокови. Тоа е што е. За жал некогаш ќе дојде кај нас некогаш не. Честитки до Грција, одигра подобро. Беа, би рекол, похрабри во одлучните моменти. Ние ништо, не чека пат назад. Ќе чекаме да ги видиме другите резултати. Мислам дека сè уште судбината во наши раце. Со победа од 3-0 над Грузија мислам дека ќе се пласираме на Европското првенство, истакна Ѓорѓиев веднаш по натпреварот.

Селекторот Миленковски за МИА коментираше дека нивната намера на гостувањето во Атина беше да направат добар резултат и „можеби и ова е добар резултат“ и посочи дека противникот е поквалитетен играше на домашен терен, мотивирано и со цел да го освои првото место во групата со што повеќе ранкинг бодови.

– Ние рековме, ако веќе не можеме да победиме барем да освоиме еден сет за кој бевме многу блиску. Имавме две сет топки направивме две наивни грешки, лесни грешки кои го одлучија тој сет. Меѓутоа од друга страна освоивме доста поени. Имаме 25 и 15 и 18 во првиот сет, тоа се 58, скоро 60 поени и влегуваме во последниот натпревар со позитивен поен количник и сме далеку подобри во моментов од репрезентациите на Австрија и Норвешка. Ние играме на домашен терен со Грузија и тоа би требало да биде натпревар што ќе го одлучи нашиот пласман на Европското првенство. Се разбира треба да играме добро и да ја победиме Грузија со поголем резултат за да ни се отворат шансите затоа што сепак овде, мислам дека собравме доволен број поени, така што останува да го одиграме последниот натпревар со Грузија и да го заокружиме ова наше учество во квалификациите со пласман на Европско, објасни за МИА селекторот на машката одбојкарска репрезентација.

Грција, без пораз ги заврши квалификациите за ЕП и е прва во Ф групата, во која се нашата земја и Грузија.

Селекторот на грчката репрезентацијата Костас Христофиделис изрази задоволство од вчерашната победа, коментирајќи дека беше „многу добар натпревар“, но и дека биле принудени да играат под притисок, бидејќи иако веќе имаа обезбедено пласман на Европското, сепак сакале да ја повторат добрата игра од минатата недела.

Натпреварот се играше во моменти кога во најмалку шест делови на Грција „беснееја“ големи и опасни пожари, на што се осврна и грчкиот репрезентативец Александрос Раптис, кој изрази надеж дека победата им донесе барем малку радост на оние кои минуваат низ тешки моменти поради огнената стихија.

Двете репрезентации ги одмерија силите во затворената спортска сала „Мелина Меркури“ во населбата Ренти во близина на атинското предградие Пиреја, што го носи името на грчката актерка и политичарка, ја користат машкиот и женскиот одбојкарски тим на Олимпијакос, како и младинските категории.

Иако со капацитет од 1.800 места, а влезот беше слободен, сепак вчера имаше мал број гледачи, но натпреварот помина без никакви проблеми, во коректна и спортска атмосфера, во духот на фер-плеј.

Македонските одбојкари в недела во салата „Борис Трајковски“ ја пречекуваат Грузија, која во досегашниот квалификациски циклус е без победа и е последна на табелата.

Пласман на Европското првенство обезбедуваат прворангираните репрезентации, како и најдобрите пет второпласирани во седумте квалификациски групи.

Next Post

„Ватсап“ вели дека Русија се обидува да ја блокира апликацијата

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk