ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025 19:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Собранието на Република Северна Македонија за утре закажа итна седница со единствена точка на дневен ред – Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка. Седницата ќе се одржи и покрај тоа што локалните избори веќе се распишани.

Меѓу клучните новини во предложените измени е воведувањето на два нови члена – 60-а и 60-б – со кои детално се уредува начинот на поднесување на листи од страна на независните кандидати.

Се предлага минимален праг за т.н. независни кандидатури за градоначалници и советнички листи да изнесува 0,95 од запишаните избирачи во Избирачкиот список за општината, односно Градот Скопје. Истиот праг би важел и за избор на пратеници.

Во членовите 60 а и б се предлага:

„(1) Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 0,95% потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица.
(2) Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на ДКП, односно конзуларните канцеларии на образец пропишан од Државната изборна комисија.“

Кога подносител на листа на кандидати за членови на Совет, односно листа на кандидат за градоначалник е група избирачи, е потребно да се соберат
најмалку 0,95% потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список за општината, односно Градот Скопје.

Предлог-законот е ставен на дневен ред по скратена постапка, што предизвикува реакции во јавноста бидејќи измените се разгледуваат во период кога изборниот процес веќе е во тек, а изборниот праг на независните кандидати е само 0,05 отсто помалку од прагот што Уставниот суд го прогласи за неуставен.

Претходно ДИК на седница во саботата усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК Борис Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи.

Ј. Ѓ.

Tags: изборен законикминимален праг
Next Post

Прво кривична, па изборен праг - ептен случајно

НАЈНОВО

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk