ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деветнаесетти „Марш на ангелите“: Нашите деца не се статистичка бројка, бараме вистинска, целосна и праведна разрешница

August 24, 2025 09:35
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА, ТРАГЕДИИ

Оваа трагедија не е само црна хроника во вести, не е статистичка бројка. Тоа се 62 згаснати животи, 62 семејства во црнина, 62 иднини украдени за миг, порачаа родителите на починатите во несреќата што се случи во дискотеката  „Пулс“, на 19. протестен „Марш на ангелите“.

Поворката од родители и нивните поддржувачи ја поминаа предвидената маршута – од Паркот на револуцијата, Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани, Управата за јавни прихдои, зградата на полицијата, па се до Основниот суд од каде побараа овој случај да добие епилог, да не се заташка и заборави.

-Ако институциите дозволат оваа трагедија да заврши во тишина, ако не ја исполнат својата должност, тогаш испраќаат порака дека животот на нашите деца не значел ништо, а тоа ќе значи втора неправда, уште поголема и по тешка од првата, порачаа тие.

Семејствата на загинатите, како што самите рекоа, не бараат од државата  сочуство и празни зборови, туку вистинска, целосна и праведна разрешница.

-Секој што носи одговорност без разлика на функцијата, позицијата или моќта мора да биде изведен пред лицето на правдата, затоа што човековиот живот нема цена, а нашите загуби немаат замена, истакнаа на маршот.

Родителите го завршија маршот онаму од каде што тој и почна – во Паркот на револуцијата во Кочани, со себе носејќи фотографиите од своите деца и транспаренти со пораки што постојано ги упатуваат до истите институции.

Tags: КочаниМарш за ангелите
Next Post

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

August 24, 2025

(ВИДЕО) Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025

Шукова со критики до Орце Ѓорѓиевски: Позира и отворено го брани криминалното дивоградителство во Чаир

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk