ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Напредува процесот на трасформација на работниот однос на вработените во училиштата, ќе се продолжи по изборите

September 1, 2025 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски вели дека има напредок во давањето согласности за трајни вработувања во претхолските установи и училиштата, но оти сега тој процес е прекинат поради предизборниот период. По изборите, смета тој, процесот треба да продолжи согласно направен план колку и со каква динамика која од обштините би добивала согласности. Дециден е дека овој процес се одвива согласно потребите на устаниците, а не по политичка приоадност на градоначалниците под чија надлежност се тие.

-Дека има одблокирување на процесите, има. Дека има напредок, има. Дека тоа е доволно, не е доволно и треба со посилен интензитет тоа да се спроведе после изборите. Сега е период на предизборие. Во овој период не можат да се даваат согласности. Согласностите треба да се дадат по изборите. Не верувам дека наеднаш ќе може сите да се дадат. Но, треба да се направи еден план секоја општина колку би добила во најбрзо време и да знае и градоначалникот и институциите под градоначалникот со што ќе се соочат и како да ги планираат средствата, изјави Ѓорѓиевски во одговор на новинарски прашања зошто се уште има вработени во образовниот процес кои по 10-20 години работат без решенија туку со договори.

Тој вели дека проблемот не е само во училиштата, туку и во согласностите за вработувања во градинките.

-Тоа е состојба која често ја дискутираме во ЗЕЛС и апсолутно е генерален проблем во државата. Ние треба да знаеме дека после неколку години сега се овластија лица да лиценцираат воспитувачи и негуватели во градинките. Ние имавме многу посериозен проблем од тоа трајно вработување во образованието, а тоа е да нема со години овластени лица кои ќе работат на лиценцирање негуватели и воспитувачи во градинките. Значи нашите најмлади да се ставени во состојба да нема кој да ги чува  во текот на еден работен ден, рече Ѓорѓиевски кој по повод почетокот на новата учебна година заедно со премиерот  Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска го посетија ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода.

Нагласува дека има напредок и во одност и на вработувањата во ушилиштата и во градинките, но и во лиценцирањето на негувателите и воспитувачите.

-Ако направиме паралела колку согласности се добиени во сите општини генерално, затоа што јас кога се јавувам добив согласност за пуштање во употреба на градинка, која е неопходно да добие согласности, во општина Липково без разлика што градоначалникот е од ДУИ, се добија потребните согласности и таа е функционална, рече претседателот на ЗЕЛС.

Додаде дека изминатите 14 месеци откако ја имаат централната власт, како што нагласи, не дека е припадник на политичка партија на чие чело е премиерот Мицкоски, објективно нема делби и секаде се постапува рамномерно.

Ништо, вели Ѓорѓиевски, не може да се реши преку ноќ и за некои процеси треба време.

Прашан дали општините се подготвени да ги следат идеите и најавените реформи од страна на Министерството за образование тој истакна дека речиси на сите седници на ЗЕЛС се дискутирало за нив, а оти и на некои седници била присутна и министерката за детално да биде образложена реформата и ти тоа е прифатливо за општините.

-Апсолутно тоа што го предлага Министерството е прифатливо за нас и мора час поскоро да се спроведе. Така што сметаме дека е неопходно да се спроведе. Сите процеси нормално е дека имаат и одредени негативни ефекти, но, многу поголеми се позитивните. Знам дека со реформите ќе се доведеме во ситуација во населени места каде има, две, три или пет дечиња, тире да се припојат кон некое поголемо училиште. Логично е да е така, затоа што дали има пет, 50, 500 деца трошоците се слини ако не за наставен кадар, тогаш за загревање, ладење, одржување…, рече тој.

Смета дека подобро е тие средства да се наменат во изградба на нови установи онаму каде за тоа има реална потреба.

-Еве ако земеме предвид во Аеродром има 600 деца на листа на чекање за градинка. затоа подобро е од две населени населени места да ги припоите децата во една градинка со ултрасовремени соодветни услови каде детето ќе го поминува времето, а останатите средства за нова градинка во Аеродром, отколку да се расплинуваат средствата на неколку позиции и од сето тоа да немаат бенефит граѓаните, рече Жорѓиевски во одговор на новинарски прашања.

Next Post

Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно ги задолжува граѓаните

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk