Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани почина на возраст од 91 година, соопшти денеска „Armani Group“.
Армани, кој со децении го обликуваше модерниот италијански стил и ги издигна холивудските црвени килими на ново ниво, се смета за една од највлијателните личности во светот на модата.
„Il Signor Armani, како што отсекогаш со почит и восхит го нарекуваа неговите вработени и соработници, почина мирно, опкружен со своите најблиски,“ стои во соопштението на компанијата, која го опиша основачот како „неуморна движечка сила“.
Во изјавата на семејството и вработените се додава: „Во оваа компанија отсекогаш се чувствувавме како дел од семејство. Денес, со длабока емоција, го чувствуваме празнинотa што ја остави оној кој го основа и негувaше ова семејство со визија, страст и посветеност. Но токму во неговиот дух, ние, вработените и членовите на семејството кои отсекогаш работеле покрај господинот Армани, се обврзуваме да го заштитиме она што тој го изгради и да ја продолжиме компанијата во негово име, со почит, одговорност и љубов.“
Во јуни годинава, Армани не присуствуваше на модното шоу на својата марка во Милано за време на „Men’s Fashion Week“, што беше прв пат во неговата кариера да го пропушти сопствениот ревијален настан. Тогаш компанијата соопшти дека „се опоравува дома“ без да наведе детали за неговата здравствена состојба.
Редакција Фронтлајн